Home / Вести / Одложено судењето за “Транспортер “

Одложено судењето за “Транспортер “

        Судењето во Апелациониот суд во Сопје, каде денеска на отворена седница требаше  да   почне расправата  за случајот “ Транспортер “ се доложи.

        За ваквата одлука на судот обвинтеите беа извесетни доцна синоќа од страна на слуѓбите на Аоелциониот суд.

        Според извори на Нова Макеоднија расправата е одложена за неодредено време.

        Инаку по повеќе од 5 години, откако во април 2016 година беше отворен случајот “ Транспортер “ и повеќе од 1 година, откако на 31 март 2020 година беше донесена првостпената пресуда, денеска на 1 јули во Апелациониот суд во Скопје требаше да  се одржи првата јавна седница за пресудите на Кривичниот суд во Скопје, изречени од судечкиот совет, со кој претседаваше судијката Добрила, Кацарска.

Јавната седница за случајот “ Транспортер “ требаше да се одржи, денеска и утре , а доколку се покажеше за потребно планирано беше третата јавна седница да се одржи  и понеделник на 5 јули.

        На изречените пресуди од страна на Кривичниот  суд во Скопје се жалеа  сите, и осудените  и обвинителите.

        Додека осудените во овој случај бараат ослободителни пресуди   или повторување на судењето, обвинителите се жалат на висината на изреченте казни.

        Како и да е.

По цели 5 години од отворањето на случајот

        Инаку да потстетиме судечкиот совет во случајот „Транспортер”  на 31 март 2020 година  донесе  првостепена пресуда со која го осуди екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески на осум години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.

 Судот сметаше дека обвинетиот Владимир Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овастување.На казна затвор  од 6,5 години беше осуден и  екс секретарот на Општината,  Слободан Бончановски. По изрекувањето на пресудите ним судот им одреди мерка куќен притвор.

Судијаката Добрила Кацарска  пресуди  единаесет правни субјекти  да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер”.

На 10-мина од обвинетите, поточно на директорите на основните и средните училишта изречена им е условна казна затвор, а условна казна затвор им беше изречена и на двајца управители на автотранспортни фирми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*