Home / Спорт / Одлуката за продажба на Пелистер во рацете на Талески

Одлуката за продажба на Пелистер во рацете на Талески

Советот на Општина Битола, в понеделник на 22 септември ќе одлучува за продажбата на фудбалскиот клуб Пелистер. Според, денешната одлука на општинските комисии, понеделник на 22 септември, Советот на Општината Битола треба да донесе одлука за овластување на градоначалникот Владимир Талески за продажба на доминантниот пакет на акции во сопственост на Општината Битола на некои од понудувачите за купување на ФК Пелистер. Со оваа одлука се утврдува правото за продажба на доминантниот пакет на акции на Општина Битола во фудбалскиот клуб Пелистер, запишани во централниот депозитар за хартии од вредност, како 250 акции во вредност од 25.000,оо евра, односно 1.537.500,оо денари.

fk pelister

Во предлог одлуката на Советот меѓу другото се вели дека поради неуспешноста на постапките за продажба на акциите на ФК Пелистер спроведени согласно одлуката за продажба на акции во сопственост на Општина Битола, донесена од Советот на Општина Битола на 30.05.2014 година, се овластува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески да изврши евалуација на алтернативните понуди пристигнати во архивата на Општината Битола до 12. септември 2014 година, и склучи договор со најповолниот понудувач за купување на Пелистер. Инаку, општината Битола да потсетиме неодамна одлучи фудбалскиот клуб Пелистер да се продаде под следните критериуми: минимален рок на стопанисување со клубот од 5 години, износ на средства кои се обврзува да ги инвестира, стабилен развој на фудбалскиот спорт на подрачјето на општината, гаранции за висок пласман во Првата фудбалска лига, можност за материјално финансиска соработка, менаџирање и поддршка на други спортски екипи од највисок ранг на натпревари во Република Македонија на подрачјето на Општина Битола.
По спроведената постапка, Советот на Општина Битола на предлог на градоначалникот Владимир Талески ќе донесе одлука за продажба на акциите во определен број и вредност, стои во одлуката за продажба на Пелистер, која в понеделник ќе им биде понудена на усвојување на советниците.
Инаку, според информации на Битолски весник досега во Општината Битола се пристигнати три понуди за купување на ФК Пелистер: на кипарскиот бизнисмен Гаврилл Папанастасатос , на фирмата “Цермат” и на ЗК “Пелагонија”. Кој од нив ќе го купи Пелистер ќе одлучи Совтеот на Општината Битола, но на предлог на градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој во меѓувреме по овластување на Советот треба да преговара со сите заинтересирани понудувачи.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*