Home / Вести / Офицерскиот дом станува куќа на Европа

Офицерскиот дом станува куќа на Европа

       

        Офицерскиот дом   во Битола, од понеделникот, 27 февруари  е куќа на Европа.

        Отворањето на куќата на Европа во Офицерскиот дом го официјализираа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, амбасадорот на  Делегацијата на ЕУ во Македонија, н. е. Дејвид Гир, како и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање од страна на градоначалникот Тони Коњановски и н.е. на Делегацијата на ЕУ во Македонија. Дејвид Гир,  кој е израз на добра волја на Битола и ЕУ, во наредниот период писмено ќе се регулираат односите помеѓу Делегацијата на ЕУ и Општина Битола, беше истакнато на свеченоста.

-Битола од секогаш била град на културата во која се проткајуваат европските вредности, истакна градонажалникот на Битола, Тони Коњановски.

Амбасадорот  Дејвид Гир во своето обраќање истакна дека е необично среќен што Офицерскиот дом во Битола во најголем дел е обновен со средства на ЕУ и што тој денес е место каде се одвиваат стотици културни настани и што токму  во тој објект ќе бидес сместена куќата на Европа во Битола.

-Самото  отворање на Европската куќа има за цел  да се охрабрат младите за креирање на еден простр каде што тие ќе можат да истражуваат што всушност значи ЕУ иднината за земјата.

-Европската куќа ќе биде важно место за младите за да може да разговарат за сите аспекти од нивниот сегашен живот, за прашања кои што се поврзани за нивната и иднината на оваа земја како членка на ЕУ.

Самото присуство на ЕУ куќа во Битола  е знак на посветеноста на ЕУ на вашата земја. Отворањето на Европска куќа е знак на ЕУ дека им посветува и на младите, затоа што тие имаат важна улога во транзицијата на оваа земја на патот кон ЕУ. Меѓутоа и на улогата што младите ја имаат како крајни граѓани на ЕУ, потенцира Гир.

Инаку досега вакви куќи на Европа во Македонија има во Скопје, Струмица, Крива Паланка и Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*