Home / Култура / Омаж за Ајри Демировски
Многу емоции на промоцијата на филмот

Омаж за Ајри Демировски

Во преполнетиот двор на Магазата во Битола синоќа во рамките на битолското културно лето “ Бит фест “ беше прикажан омаж за Ајри Демировски, авторот на песната “Битола мој роден крај” и првиот почесне граѓанин на Битола.

film ajri 1  film ajri 2
Магазата беше престесна да ги прими сите кои сакаа да присуствуваат на овој културен настан, организиран во чест на човекот кој со песната “Битола мој роден крај” Битола ја направи вечна, но кој исто така се вброи меѓу вечните.

film ajri 4

film ajri 7

film ajri 12

Како творец, Ајри Демировски во македонското народно творештво оставил значајно дело, песни коишто и денес се сметаат за бисери во македонското поетско и музичко наследство.

film ajri 14

film ajri 15

Творечкиот опус на Ајри Демировски, се состои од околу 80 песни.

Од големиот број напишани и испеани песни најголемиот број од нив имаат антологиско значење.

Тука спаѓаат песните: Збогум мајко,  За кого ти цути Дано лицето, Со Битола се гордеам, Сва ноќ ле Надо,  Покрај Битолските касарни,  Доне Донке,  Санок седам Трено,  Болен лежи млад Стојан,Македонијо, Мариче ле лично девојче, Доста доста лично ле Стојне, Немој ме мила мамо луто да колниш, Мори моме малој моме, Каде си тргнала Јано, Таму ле мајко близу Битола, Чујте ме мили земјаци, Сношти те Маре сонував, Магдо мори Магдалено, Ми се излага Џемиле, Сношти јас те чекав Маре, Ајде станав се оженив, Битола мој роден крај.
Автор на омажот за Ајри Демировски е новинарот и дописник на Нова Македонија од Битола Менде Младеновски.
Б.В.
Фотографии С. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*