Home / Македонија / Општина Карпош доби нов Совет

Општина Карпош доби нов Совет

Денеска, во конференциската сала на  Спортско рекреативниот Центар „ Борис Трајковски“, се одржа првата ( конститутивна) седница на Советот на Општина Карпош.  На оваа седница Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања, ги верифицираше мандатите на новоизбраните членови на Советот на Општина Карпош. Претходниот претседател на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски им се заблагодари на советниците од минатиот мандат 2013-2017 година, на општинската администрација и на досегашниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски  за соработката и за реализираните проекти во Општината. Потоа, најстариот  советник во овој мандат Димитар Зимбаков, претседаваше со конститутивната седница. На предлог на мнозинството  советници, акламативно поддржан од сите советници и советнички групи за нов претседател на Советот на локалната самоуправа е избран Душко Весковски.

Весковски, им го честиташе изборот на сите советници, и на новиот градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев,  и нагласи дека очекува конструктивна соработка за доброто на граѓаните на Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, им го честиташе изборот на новите советници во  Советот на Општината за 2017-2021, и истакна дека очекува плодна соработка, со која ќе се реализираат проекти  со кој ќе се подобри квалитетот на живот во Општина Карпош.

-Сакам да потенцирам, дека јас како кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и вие како кандидати за советници во Советот на Општина Карпош, сме биле кандидати од различни политички партии и опции. Но сега, јас како  градоначалник на Општина Карпош, и Вие како избрани советници во Советот на Општината, сме функционери кои ќе работат во интерес на сите граѓани на локалната самоуправа, и оттука, убеден сум дека во овој четиригодишен мандат ќе имаме одлична соработка.

Првиот човек на Општина Карпош Стефан Богоев, напомена дека во духот на демократијата е советниците да имаат различни мислења, и дека секое излагање на советниците ќе го смета за конструктивна критика, и  е нормално во демократските држави, советници од мнозинството, да не се согласуваат секогаш со ставовите на коалициската група, или пак со ставот на градоначалникот.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*