Home / Вести / Општината донира 10.000 евра за набавка на опрема за кислордна поддршка на болните од Ковид 19

Општината донира 10.000 евра за набавка на опрема за кислордна поддршка на болните од Ковид 19

                   На денешната седница на Советот на Општина Битола, која се оджа он лајн,  прифатен е предлогот на градоначалничката Наташа Петровска од буџетот на општината да се извојат 10.000 евра за Клиничка болница Битола, за набавка на елемнти за кислородна поддршка на пациентите кои се лекуваат од Ковид 19.

-Сите знаеме дека бројот на заболени е зголемен и дека се наоѓаме во исклучително сензитивен период, во кој што треба да бидеме уште поподготвени од страна на техничкиот капацитет, меѓутоа и да останеме дисциплинирани како граѓани, бидејќи дисциплината на сите нас е многу важна во овие околности. Оттаму Општината ќе издвои 10.000 евра донација за набавка на елементи за кислородна поддршка за пациентите на кои таа им е неопходна во лекувањето.

Со ова покажуваме уште еднаш дека како општина во целиот период остануваме одговорни на предизвикот во кој што се наоѓаме, меѓутоа сакам да нагласам дека како општина остануваме отворени во рамките на нашите можности и понатаму да донираме средства и да дадеме материјална поддршка, а со тоа и техничка и севкупна поддрка на здравствените работници и здравствените институции“, рече градоначалничката  на Битола Наташа Петровска.

По донесувањето на одлуката од страна на Советот на Општина Битола, средствата веднаш ќе бидат префрлени, за да може да се реализира соодветната набавка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*