Home / Uncategorized / Општината заробена од долговите во Касарната

Општината заробена од долговите во Касарната

Тоа што новата градоначалничка Наташа Петровска го најави се случува. Општината  Битола која ја наследи со над 13 милиони евра долг,  е “ заробена “ од нови долгови од Касарната.

Златниот рид, како што ја нарече сега веке екс градоначалникот Владимир Талески битолската касарна како што стојат работи ќе ја погреби Битола.

Таман во новата локална самоуправа се помирија со долгот од 13 милиони евра, деновиве на адреса на општината стигнаа нови тужби, за енормни износи на пари.

Така фирмата Јуриј, која   градеше станбени објекти во Касарната ја тужи општината Битола за износ од над 130 милиони денари, или повеќе од 2,5 милиони евра.

Тужбата е поднесена заради тоа што екс градоначалникот на Битола и претходната локална самоуправа не му обезбедиле комунлана инфраструктура на изведувачот.

Засега нема коментар од општината Битола за ваквата тужба, но од таму нема ни демант дека добиле таква тужба.

Според извори на порталот на Битолски весник тужбата е стигната во Основниот суд во Битола и наскоро ќе биде закажано рочиште.

Инаку да потсетиме сопственик на фирмата Јуриј е познат битолчанец, кој живее во Скопје и кој во Касарната изгради два станбени објекти. Сопстве икот на објектите тврди дека од Општината Битола, која повеќе не сака да ја посети ни како турист, претепел штета од над 2 милиони евра.

Чудно е како тужбите против Општината Битола почнаа да стигнуваат откако му заврши мандатот на Талески.

Во Општината Битола се сомневаат дека тоа не е случајно и дека зад тоа стојат бизнис интересите на претходното раководство и некои инвеститори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*