Home / Спорт / Орце Камчев дефинитивно го напушта Пелистер!

Орце Камчев дефинитивно го напушта Пелистер!

Досегашните доминатни сопственици на акциите на ФК Пелистер, сопстевниците на фирмите Орка Холдинг АД Скопје, Пелистерка АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Жито Битола Дооел Битола, дефинитивно го напуштаат фудбалскиот клуб Пелистер.

Ваквата одлука треба да биде верификувана на седницата на советот, која треба да се одржи четврток на 19 јули, на која советниците на Советот треба да дадат согласност за  оутѓување на доминантниот пакет акции во ФК Пелистер АД Битола на други физички или правни лица.,

Со оваа Одлука се дава согласност Орка Холдинг АД Скопје, Пелистерка АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Жито Битола ДООЕЛ Битола за оттуѓување на доминантниот пакет акции кои ги имаат во ФК Пелистер АД-Битола на друго физичко или правно лице.

Според предлог одлуката Орка Холдинг Ад Скопје, Пелистерка АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола и Жито Битола ДООЕЛ Битола се обрзуваат  да го оттуѓат доминантниот пакет на акции под најмалку истите услови по кои е направен преносот со Општина Битола.

Доколку советниците ја изгласаат ваквата одлука на утрешната седница на Советот, во тој случај нов сопственик на доминатниот пакет акции на ФК Пелистер ќе биде друго правно, или физичко лице.

Во моментот се преговара со неколку заинтересарани страни кои сакаат да ги купат акциите на претходните сопственици, но нивните имиња се држат во тајност.  Инаку според информации на Битолски весник во изминатиот период се воделе интензивни  разговори околу излегувањето на досегашните сопственици на доминатниот пакет акции од Пелистер.Дознаваме дека се усогласени и сите побарувања кои ги бараат  досегашните сопственции и дека е направена спогодба која ќе се реализира на рати.

Новиот сопственик на Пелистер и општината Битола наводно прифатиле да ги регулираат сите побарувања на претходните доминантни сопственици од средствата кои наскоро треба да легнат на жиро сметката на клубот.

Тука покрај долговите на некои правни субјекти станува збор и за побарувањата на дел од фудбалерите по договори и екс тренерот Наџи Шенсои.

Иако ваквата одлука е очекувана сепак  сеуште не се знае како во иднина ќе изгледа  управувањето со Пелистер.

Како ќе се одвиваат работите во наредниот период ќе се знае откако советнците на утрешната седница треба да ја изгласаат одлуката на Советот на Општината.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*