Home / Вести / Остра осуда за соопштението на ЗНМ

Остра осуда за соопштението на ЗНМ

               

        Иницијативниот одбор на локалните и Регионалните медиуми остро се спротиставува  на Соопштението  на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ, во кое се се спротиставуваат на  најавите за укинување на  забраната за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми преку менување на членот 102 од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и укажуваат на штетните последици.

        Локалните и Регионалните медиуми сметаат дека  Соопштението  на т.н. “ еснавски “  здруженија и асоцијации е донесено без консултација на новинарите и медиумските работници, особено од внатрешноста кои работаат во локални  и регионални електронски медиуми и дека изнесените ставови во заедничкото соопштение се лични ставови на неколкумина поединци кои добро се имаат вдомено во т.н. “  еснавски организации “  кои одамна ја имаат изгубено поддршката на локалните и регионалните медиуми.

        Локалните и регионалните медиуми во целост ја поддржуваат декларативна  заложба за искоренување на корупцијата во медумите, но остро се спротиставуваат дека со бришењето на членот 102  од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) ќе се вратела корупцијата во медиумите.

        Локалните и Регионалните електронски медиуми, кои  едвај преживуваат и опстојуваат и тоа го прават  само благодарение љубовта и  ентузијазмот во новинарството.

        Во изминатиот период стотици новинари и медиумски работници од внарешноста си ,заминаа од новинарството.

Тоа го направија со тешко срце и само затоа што во медиумите особено во внатрешноста нема пари.

        Локалните и Регионалните медиуми   му даваат целосна поддршка  на Владата да се избрше членот 102  и да се остави простор за комерцијално работење, а доколку  по бришењето на членот се појаваат коруптивни  работи надлежните служби најостро да ги санкционираат, се вели во реакцијата на Иницијативниот одбор на Регионалните и Локалните електронски медиуми.

        Локалните и Регионалните медиуми бараат да се испитаат сите корупции во медиумите, без исклучок во изминатите десетина години и против сите кои се огрешиле да бидат преземени најостри санкции.

Но такви незаконитости освем во одредени случаи тешко ќе се најдат во локалните и регионалните медиуми, кои едвај составуваат крај со почеток на месецот.

Не можат сите медиуми да ги сносат последиците за корупцијата која во претходниот период  владееше во некои медиуми кои беа блиски до власта.

        Симболичните средства кои би ги добивале локалните и регионалните медиуми за објавените рекламни услуги и соопштнија  во никој случај нема  да ја поткопаат независноста во медиумите и да го загрози правото на слобода на изразување, се вели во Соопштението на Иницијативен одбор на Регионални и локални медиуми со седиште во Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*