Home / Градска хроника / Осветено црквичето во Старскиот дом “Сју Рајдер“

Осветено црквичето во Старскиот дом “Сју Рајдер“

На свечен начин во дворот на јавната општинска установа “Сју Рајдер“ Битола беше осветена црквичето “Св Ѓорѓи“ лоцирано во дворот на Домот. Црквичето е реновирано и адаптирано од страна на битолчанка која е донатор на средствата, и нејзината желба е да остане анонимна.

starski 2

-Ние ја почитуваме  желбата на донаторката  да остане анонимна и го почитуваме нејзниот гест што го направи за штитениците во Домот “Сју Рајдер“. Славата на светецот што го носи името црквичето е на деветти декември, воедно тоа ќе биде и слава на Старскиот дом- истакна директорката на Старскиот дом “Сју Рајдер“, Марица Тодоровска.

Од Здружението на пензионери , денеска донираа телевизор за една од занималните во “Сју Рајдер“.
Инаку, како што информираше директорката, Општина Битола го изработи и реализира проектот заа општо корисна работа, вработени во домот на определено работно време да помагаат во негата и грижата на штитениците, а секоја ваква акција според Тодоровска  е добродојдена.

starski 3

Инаку, во Старскиот дом во Битола, има 150 корисници, највозрасниот штитеник има 92 години. Интересот е секогаш голем, две категории на корисници има.
Листата на чекање е околу 50 заинтересирани од различни категории.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*