Home / Вести / Отфрлена претставката на на Детското ликовно судио “ Св. Кирил и Методиј “- Новинарот Менде Младеновски не го прекрши Кодексот на новинарите на ЗНМ

Отфрлена претставката на на Детското ликовно судио “ Св. Кирил и Методиј “- Новинарот Менде Младеновски не го прекрши Кодексот на новинарите на ЗНМ

        Одговор по претставка поднесена од ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ против новинарот Менде Младеновски

Советот на честа на ЗНМ, деновиве на седница ја отфрли претставката на Детското ликовно студио “ Кирил и Методиј “ против новинарот на “ Битолски весник “ и дописник на “ Нова Македонија “, Менде Младеновски, бидејки не се констатирани повреди на Кодексот на новинарите на Македонија.

Во одлуката на Советот на честа се вели:

         СЕ ОТФРЛА ПРЕТСТАВКАТА ЗА ОБЈАВЕНИТЕ ТЕКСТОВИ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ БИДЕЈЌИ
НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ ПОВРЕДИ НА КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ЗНМ, на седницата одржана на 20.04.2023 година, постапувајќи по претставката поднесена од ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола против новинарот Менде Младеновски за текстови објавени во дневниот весник „Нова Македонија“, ја донесе следната


                              О Д Л У К А


         СЕ ОТФРЛА ПРЕТСТАВКАТА ЗА ОБЈАВЕНИТЕ ТЕКСТОВИ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ БИДЕЈЌИ
НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ ПОВРЕДИ НА КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е


         Ликовното студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола поднесе претставка до Советот на
честа при ЗНМ, во кое наведува дека битолскиот новинар Менде Младеновски, ги користи
медиумите „Нова Македонија“ и „Битолски весник“ за да изнесува шпекулации и
невистини за работата на ликовното студио, претставувајќи го како „бугарско“ кое се финансира од личности од Бугарија, а во УО на студиото нема ниту еден Македонец.Во претставката, подносителот тврди дека новинарот ги пласира овие невистини за нив и поради тоа, тие ќе прекинат секаква комуникација со споменатите медиуми во кои пишувал новинарот Менде Младеновски.
          По внимателно разгледување на двата посочени текста објавени во весникот „НоваМакедонија“, Советот на честа не утврди прекршување на Кодексот, бидејќи во текстовите, во кои се изнесува став покрај информирањето, нема говор на омраза или други елементи кои се спротивни на Кодексот.
         Советот на честа констатира дека поднесената претставка треба да е всушност демант или исправка на објавените информации во весникот, но укажува дека адресата не е Советот на честа кој треба да утврдува дали објавените информации се точни или не, туку тоа е обврска на самото Ликовно студио како подносител, а доколку весникот не ги објавел демантираните информации за кои се тврди дека не се точни, тогаш би имало можност за произнесување на Советот на честа. Од вака доставените информации нема доказ дека
Ликовното студио направило напор да демантира било што од објавеното.

СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ЗНМ, на седницата одржана на 20.04.2023 година, постапувајќи по претставката поднесена од ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола против новинарот Менде Младеновски
за текстови објавени во дневниот весник „Нова Македонија“, ја донесе следната

                            О Д Л У К А
      СЕ ОТФРЛА ПРЕТСТАВКАТА ЗА ОБЈАВЕНИТЕ ТЕКСТОВИ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ БИДЕЈЌИ НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ ПОВРЕДИ НА КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
    Ликовното студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола поднесе претставка до Советот на честа при ЗНМ, во кое наведува дека битолскиот новинар Менде Младеновски, ги користи медиумите „Нова Македонија“ и „Битолски весник“ за да изнесува шпекулации и невистини за работата на ликовното студио, претставувајќи го како „бугарско“ кое се финансира од личности од Бугарија, а во УО на студиото нема ниту еден Македонец.
Во претставката, подносителот тврди дека новинарот ги пласира овие невистини за нив и поради тоа, тие ќе прекинат секаква комуникација со споменатите медиуми во кои пишувал новинарот Менде Младеновски.
По внимателно разгледување на двата посочени текста објавени во весникот „Нова Македонија“, Советот на честа не утврди прекршување на Кодексот, бидејќи во текстовите, во кои се изнесува став покрај информирањето, нема говор на омраза или руги елементи кои се спротивни на Кодексот.Советот на честа констатира дека поднесената претставка треба да е всушност демант или исправка на објавените информации во весникот, но укажува дека адресата не е Советот на честа кој треба да утврдува дали објавените информации се точни или не, туку тоа е
обврска на самото Ликовно студио како подносител, а доколку весникот не ги објавел демантираните информации за кои се тврди дека не се точни, тогаш би имало можност за произнесување на Советот на честа. Од вака доставените информации нема доказ дека
Ликовното студио направило напор да демантира било што од објавеното.

Вака, се добива впечаток дека до Советот на честа е испратен демант на објавените
текстови што не е во надлежност на Советот на честа, а во исто време, многу од наведените информации не се демантираат, туку се дообјаснуваат.
Од тие причини Советот на честа при ЗНМ, на седницата не утврди повреди на Кодексот.

Воедно, Советот на честа изразува загриженост за ставот на Ликовното студио од Битола да ја прекине комуникацијата и соработката со весниците „Битолски весник“ и „Нова Македонија“ поради таквиот начин на опсервирање на работата на ликовното студио од страна на новинарот Менде Младеновски.

Советот на честа му укажува на подносителот дека „бојкот“ кон одреден медиум нема да ги реши евентуалните проблеми и само ќе го продлабочи јазот, на штета на читателите и корисниците на услугите на Ликовното студио од Битола. Информирањето и меѓусебно разбирање може да има само со дијалог (па дури и во форма на реакција, демант или исправка) но никако со бојкот.


Одлучено во Скопје, на 20.4.2023 година

СОВЕТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗНМ
Претседател на Советот
Саше Димовски

П.С. Во наредниот број на Битолски весник одговор на главниот и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски за случувањата во Детското ликовно стуидо “ Кирил и Методиј “ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*