Со врачување на наградата “ Големата ѕвезда на македонскиот филм “,за животно дело, на ДФРМ на познатиот македонски режисер Столе Попов, за неговото огромно филмско творештво и доделувањето на наградата “Златна камера 300“ на кинаматограферот Јануш Камински, вечерва во Битола, свечено беше прогласено за отворено 41 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој годинава поради пандемијата од ковид-19 ќе трае само еден ден и ќе помине само во симболично одбележување.
Свеченото отворање, на кое според протоколот присуствуваа само 80 гости се одржа во Пациото на Музејот на Битола.
Годинашното издание на “Браќа Манаки“ свечено за отворено го прогласи претседателот на државата, Стево Пендаровски, а свое обраќање до присутните имаше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
На свеченоста, по повод овој фестивал, покрај претседателот Пендаровски присуствуваа министерката за култура Ирена Стефовска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.
На фестивалот преку видео врска обраќање имаше добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински, кој ја искажа својата радост што е добитник на Златаната кемара 300, но и разочарување што поради пандемијата не можеше да присуствува во Битола и лично да ја прими наградата.