Don't Miss
Home / Вести / Отворена фабрика за изработка на додатоци за спортови на вода

Отворена фабрика за изработка на додатоци за спортови на вода

Деновиве во Битола почна со производство  нова фабрика “Брејнчајлд Продукција“, за изработка на додатци за спортови на вода.

Фабриката која е лоцирана во поранешнаа  фабрика на Битолатекс денеска ја посети градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со цел да се запознае со новата инвестиција во градот, начинот на работа и производството.

“Брејнчајлд Продукција“ е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина, со што се намалуваат емисиите на јаглерод.

Од фабриката, за време на посетата на градоначалникот Коњановски, објаснија дека главен фокус во производството ќе бидат реквизити за спортови на вода, односно крила за „kite-surfing” и „wing-surfing”, но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста.

Градоначалникот Коњановски им посака успешен подготвителен период и адаптација на инвеститорите, со желби понатаму оваа фабрика да донесе вработувања и економски напредок за локалното население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*