.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Колумни / Пандемијата не трпи импровизации

Пандемијата не трпи импровизации

                             Иако сите светски стручњаци, здравствени работници, епидемиолози, вирулози… прогнозираа дека  по 1,5 години од појавата на коронавирусот  ќе имаме мирно и спокојно лето и дека по сето тоа  што го доживеавме и преживеавме во минатата година  конечно ќе се  израдуваме на животот и ќе се одмориме, сепак за жал повторно прогнозите не се остварија.

          Македонија деновиве со по над илјада и 200 новозаразени и  по бројот на починати се наоѓа во самиот врв на Европа и светот.

          Согледувајќи како се одвива состојбата со пандемијата во Македонија некои држави од Европа и светот дури им препорачаа на своите сонароднци да ја заобиколуваат Македонија ако патот ги води на кај нас.

          Овој пат, кога станува збор за пандемијата  не само што не се остварија прогнозите на македонските здравствени работници, туку не се остварија ни прогнозите на најголемите светски астролози.

          И тие како и здравстевните работници  едноставно целосно ги промашија прогнозите.

          Пандемијата со Ковид 19 и соевите кои ги предизвикува оваа сеуште  непозната заразна болест не само што го клекна човештвото на колена, туку во голема мера ја порази и науката, која  сеуште лута во дијагностицирањето  на болеста и справувањето со неа.

          Оттаму мислам дека е  премногу  храбро, па би рекол дури и наивно  да се прогнозира како ќе се одвива болеста сега и во наредниот период.

          Од тие причини на многу здравствени работнции и медицински стручњаци може да им  се прогледа низ прсти  и да им се прости за лошите прогнози кои ги дадоа, кога станува збор за пандемијата.

          Но ако во нешто во овој изминат период се уверивме сите ние, а не само здравствените работници тоа е дека со пандемијата нема ипровизации и играње.

          Таа е болест која подеднакво ги напаѓа сите, и  млади и стари и дека тие кои ги поткачи оваа заразна болест врват буквално низ пекол.

          Во изминатата 1,5 гдоина се изнаслушавме од нашите преживеани пријатели, комшии, другари,  пријатели, колеги, соседи низ се што мораа  тие да поминат кога биле заразени од оваа болест.

          Нивните животни приказни се навистина ужасни.

          Кога станува збор за справувањето со пандемијата во изминатиот период се изнаслушавме секакви приказни.

          И како што е вообичаено кај нас  и за други работи, така и околу пандемијата здравствените работнци се поделија околу начинот на кој треба да се третира оваа болест.

          Но колку и да беа поделени околу начинот и средствата за справување со пандемијата, во едно сите здравствени работници беа единствени,а тоа беше дека најдобар начин да се справите со пандемијата е одржување на хигиената, дистанце и носење на  заштитни маски.

          Тие беа мерките со кои секој од нас можеше да се заштити од пандемијата.

          Подоцна како превентивна мерка беше форсирана вакцинацијата, која беше промовирана како најдобар начин за заштита од коронавирсуот.

          Но тоа што во овој период и те како ни се удри од главата се импровизациите кои ни се случуваа во минатиот период кога станува збор за справувањето со пандемијата, како при набавката на заштитна опрема, респиратори за кислородна поддршка, а посебно државата затаи при навакта на вакцините.

          Иако на почетокот од пандемијата, пвикувајки се на претходноте искуства од справувањето за заразни болести, луѓето од Комисијата за заразни болести тврдеа дека од пандемијата најмногу кај нас ќе се заразат до 2.000 лица, сепак бројката е десетици пати поголема.

          Луѓето од Комисијата за здравство ја промашија прогнозата и со бројот на смртните случаи, кои ќе ги предизвика пандемијата.     

          Додека тие тврдеа  дека нивниот број ќе биде најмногу од 150 до 180 сега црниот список на луѓето кои починаа од ковид 19  се искачи над 5. 000.

          Такви промашувања во прогнозите не им се простуваат ни на обичните лаици , а не на професионалните здравстевни работници.

          Освем големите промашувања во прогнозите нешто што посебно загрижува е ноншалантното однесување на луѓето од здравството кои наместо дење- ноќе да размислуваат какви мерки да донесат за справување со пандемијата тие мерките ги менуваа(т) од ден на ден,а некогаш дури од час во час и најчесто импровизирајќи со истите.

           Обичните граѓани  имаат право да знаат како државата ќе се справува со пандмеијата.

          Но мерките кои ќе се нудат не можат да имаат рок на траење од само неколку дена.

          Ако сите се сложни дека најголемата зараза на ова болест се шири на веселбите, свадбите, журките, концертите тие требаше на време да бидат забранети.

          А за нивна забрана да се носат одлуки откако во изминатиот период  тие од некои градови во Макеоднија, како што се  Скопје.Тетово, Гостивар, Кичево, Струга направија Вухан.

Кога станува збор за мерките минатата година кога во Македонија немаше многу заболени и кога бројот на смртните случаи се броеја на едната рака властите беа мошне ригорозни во преземање мерки.

Но подоцна како да ја кренаа рачната и дозволија Македонија да биде земја на “отворено срце” во секој можеше да влезе бз да биде тестиран, во која журките и забавите едноставно ги   имаше по неколку  на ден во еден град.

За сето атоа време и надлежните здравствени работници и инепскциските органи се правеа како да не го гледаат или забележуваат.

 И сега кога заразата се шири со голема брзина здравствените работници се поделија  не само околу причините за зголемувањето ан заразата туку и околу мерките кои треба да се преземат.

          Политичарите како да не сакаат да сфатат дека  справувањето со пандмеијата не партиско прашање на власта или опозицијата СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

 Од ова аболес се заразуваат сите, без разлика на која политичка партија им припаќаат.

          Заразените од Ковид 19 ги лекувата доктири и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.

          Затоа  партиите треба да заборават на своите политички суети и да се ослободат од партиските инфицирани умови.

Во овој момент најмалку е битно кој ќе даде добар предлог.

          Битно е било кој предлог, дали доага од власта или од опозицијата да биде издржан.

Во спротивно последиците од пандемијата ќе бидат несогледиви.

          А тогаш најмалку ќе биде важно кој бил виновен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*