Home / Вести / Партиите како да бираат Папа, а не кандидати за градоначалници

Партиите како да бираат Папа, а не кандидати за градоначалници

                

          Дента кога овој на број на Битолски весник ќе биде во рацете на нашите читатели најверојатно ќе се знае со кој кандидат СДСМ ќе излезе на претстојните локални избори.

          Според информации на Битолски весник изборот на кандидатите за градоначалник на Битола,  ќе  се случи на седница на Извршниот одбор на партијата, а нивното номинирање ќе биде официјално потврдено на седницата на Централниот одбор, која треба да се одржи четврток.

          Дали и ВМРО ДПМНЕ во вторникот (ќе) го утврди својот кандидат нема(в)ме потврда.

          Но од тоа што сме информирани, ВМРО ДПМНЕ својот кандидат за градоначалник ќе го соопшти дури откако тоа ќе го направи СДСМ.

          Годинава изборот на кандидатите за градоначалник  партиите го претворија како  да избираат Папа во Ватикан.

          За тие кои не знаат да ги потсетиме името на новиот Папа во Ватикан се избира во најголема тајност

Имено во Ватикан по заедничката „Миса за избор на врховен Понтиф”  во базиликата Свети Петар, тие положуваат  заклетва за тајност, по што водичот на церемонијата ги затвора вратите на Систинската капела, симболот на папството, со што започнува изборот на поглаварот на Римокатоличката црква.
        Пред гласањето, кардиналите со ждрепка одлучуваат кои деветмина од нив ке бидат задолжени за дистрибуција, броење и ревизија на гласачките ливчиња.
       Чадот од оџакот  покажува  дали некој од кандидатите добил две третини од гласовите или не, односно дали чадот е црн или бел.
        Каков  ќе биде чадот  во седиштата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ засега не се знае.

Но едно е сигурно  ваков  таен избор на кандидати за градоначалници на  Битола не паметат ни најпедантните хроничари.

Ниту лидерите Заев, а  ни  Мицкоски  не знаат со сигурност да кажат колку анкети  направија  за да се утврди кој ќе биде  нивниот кандидат на претстојните локални избори.

 Во Битола потешко (беш)е        да се добие довербата на партијата, отколку на народот.

Испадна дека изборот на  партијата е позначаен отколку изборот на граѓаните.


          Како и да е. Иако лидерите  на партиите, како кардиналите во Ватикан  се обидоа да го чуваат во најголема тајност, со кои кандидати за градоначалници ќе истрчаат на претстојните локални  избори, сепак кандидатите се  веќе горе долу познати.

Во СДСМ кандидати за градоначалничката функција се актуелната градоначалничка Наташа Петровска, директорот на  ЈП Водовод, Горан Козаров, советникот  Зоран Стојчевски, бизнисменот на СН Брокер,  Христо Кондовски, а иако досега барем не ја истакнал својата кандидатура во кругот на кандидатите е и првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Во ВМРО ДПМНЕ списокот на кандидатите е сведен нанеколку имиња: Спире Мавровски, Тони Коњановски, Олга Лозановска, Пеце Милевски, Зоран Николовски.

Со името на кандидатите за  градоначалници калкулираат и независната советничка листа “Поинаку”, Демократи и Работничката партија, како и ЛДП ДОМ.

Единствено до затворањето на Весникот што се знае(ше) е дека Зоран Лазаревски – Паљото  и на овие избори ќе биде независен кандидат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*