Home / Свет / Пет лица ја преживеале авионската несреќа во Колумбија

Пет лица ја преживеале авионската несреќа во Колумбија

Пет лица од 81 патник и членови на екипажот ја преживеале авионската несреќа во Колумбија, соопштија колумбиските власти

Авион на боливиските чартер летови „Ламија“ сообраќал од Боливија кон колумбискиот град Меделин. Пет лица од 81 патник и членови на екипажот ја преживеале авионската несреќа во Колумбија, соопштија колумбиските власти.

Во авионот, кој се урнал непосредно пред слетувањето, патувале и членови на бразилскиот фудбалски тим, од кои тројца се меѓу преживеаните.

Градоначалникот на Меделин Федерико Гутиерес, несреќата ја нарече „трагедија од големи пропорции“.

Властите додадоа дека истрагата продолжува по прелиминарните информации дека авионот имал проблеми со електрониката, како и тоа дека изјавите од преживеаните лица ќе бидат од огромно значење.

Во меѓувреме, Фудбалската федерација на Јужна Америка привремено ги откажа сите активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*