Home / Спорт / Петмина Бразилци ја очекуваат одлуката за продажба на ФК Пелистер

Петмина Бразилци ја очекуваат одлуката за продажба на ФК Пелистер

Утре, со почеток во 11 часот продолжува седницата на Советот на Општината Битола, на која советниците ќе расправаат за (купо)продажбата на акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер.
За оваа седница не покажуваат интерес само љубителите на фудбалот во Битола, туку и петмина Бразилци, кои кипарскиот инвеститор Гаврил Папанастасатос веќе ги пазарил да го засилат Пелистер, доколку тој стане сопственик на клубот.
Засега, во ФК Пелистер не сакаат да зборуваат за какви засилувања станува збор, но според извори на порталот на “Битолски весник” се работи за квалитетни фудбалери, кои ќе го засилат ослабениот Пелистер.
Со цел јавноста да биде подетално информирана за тоа што нудат двајцата заинтересирани за купување на ФК Пелистер ги пренесуваме нивните понуди.
ДОГОВОР
ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ДОМИНАНТЕН ПАКЕТ НА АКЦИИ
Склучен на ден ________________2014 година помеѓу
1.Општина Битола ул.Булевар 1ви Мај бр 61, Битола застапувана од Градоначалник Д- р Владимир Талески од една страна, (во понатамошниот текст Продавач)
и
2. Гавриил Папанастасатос, Антонијасиела 8-13, Рига, Латвија, ЛВ-1010 (во понатамошниот текст како Купувач)
Член 1
Предмет на овој договор е купопродажба на 250 акции заведени во Централен депозитар на Р.М сопственост на продавачот со пренос како пакет на акции од 20% секоја година. Вредноста на акциите е 25.000,00 Евра (5 години по 5.000,00 Евра секоја година).

Член 2
Вредноста на акциите е 25.000 евра.
Преносот ќе се врши во периодот јули -септември секоја година со надоместок во денарска противредност од 100 евра по акција од сметка на купувачот во корист на сметка на продавачот.
Член 3
Со стапување во сила на овој договор, купувачот се стекнува со право на доминантно учество во управувањето со сите активности на АД ФК Пелистер и учествува со 51% во органите на управување надлежни за донесување на одлуки за периодот на важење на овој Договор, а 49 % членовите ги предлага продавачот. Купувачот може да одбере 2 (два) члена и Општината 1 (еден) член.

Член 4
Купувачот обезбедува финансирање на 100% од трошоците што ќе настануваат од моментот на стапување на сила на овој договор. Сите одлуки за маркетинг и менаџмент на Фудбалскиот клуб се донесуваат со мнозинство гласови.

Член 5
Купувачот се обврзува да учествува во финансирањето на трошоците превидени во член 4 од овој Договор за период од 5 години. Во случај да побара раскинување на договорот нема право да бара надомест на направените трошоците до моментот на раскинување на договорот, а со обврска стекнатото право на сопственост на акциите да го врати на продавачот без надомест.

 

Член 6
Купувачот превзема обврска дека ќе обебеди почитување на сите законски обврски предвидени со Закон за спорт и сите други законски обврски кои се однесуваат на финансирање на активностите на АД ФК Пелистер, согласно земјата- седиште на клубот.

Член 7
За време на важење на овој Договор, купувачот не смее да го менува името ФК Пелситер, а може да користи додавки согласно закон, не смее да го менува седиштето надвор од Битола и не смее да ги менува заштитните бои и ознаки на ФК Пелистер со можност за додатни ознаки кои нема да бидат доминантни.
Член 8
За време на важење на овој Договор, продавачот ги отстапува на користење расположливите инфраструктурни објекти за вршење на дејноста со обврска купувачот да му плаќа на продавачот надоместок во висина на годишна амортизација 2,5% од проценета вредност на тековната состојба на инфраструктурата од 500.000 евра.
Надоместокот во првата година спомнат во став 1 од овој член се намалува за 50%. надоместокот се плаќа квартално (на секој три месеци) на сметка на општината Битола.

Член 9
Купувачот инфраструктурните објекти утврдени во член 8 може да ги користи само за активности за кои што е регистриран во моментот на склучување на овој договор.
Член 10
Купувачот има обврска да ги финансира сите школи од фудбалската акдемија на клубот.
Член 11
Договорот може да се раскине по барање на една од договорните страни во случај на:
-Не обезбедено учество во европски ранг на натпреварување почнувајчи од втората годинана важење на овој Договор;
-.За непочитување на одредбите од овој Договор.
Отказен рок 90 дена по поднесено барање.
Во случај на прекин на Договорот на барање на Купувачот, Купувачот има обврска акциите во негова сопственост да ги понуди прво на продавачот по истата цена по која тој ги купил од Продавачот.

Член 12
Купувачот за реализација на одребрите на овој Договор обезбедува банкарска гаранција во висина од минимум 300.000 евра за секоја година со продолжување еден месец пред истекот на рокот на важење на тековната гаранција.
На денот на потпишување на овој договој купувачот депонира 10.000,00 Евра во готово како гаранција за обезбедување на банкарската гаранција од ставот 1 од овој член кој треба да се достави во рок од 60 дена.
Член 13
Во случај на спор договорните страни имаат обврска за спогодбено решавање на спорот, а во спротивно е надлежен судот на седиштето на АД ФК Пелистер.

Член 14
Договорот е составен на англиски и македонски јазик во по 6 примероци од кои 4 за продавачот и 2 за купувачот.
Продавач:                                                                                                                                                                   Купувач:
ОПШТИНА БИТОЛА                                                                                                                        Гавриил Папанастасатос

 

 

Д О Г О В О Р
ЗА ПРОДАЖБА НА ДОМИНАНТЕН ПАКЕТ НА АКЦИИ
Помеѓу:

1.Општина Битола, сопственик на доминантен пакет на акции во АД ФК Пелистер Битола, преставувана од Градоначалник Д-р.Владимир Талевски (продавач) и
2.ЦЕРМАТ ДОО Битола, купувач на доминантен пакет на акции во АД ФК Пелистер Битола, преставувано од Зоран Ристевски (купувач).

Член 1
Предмет на овој договор е пренос на правото на сопственост на 128 акции, сопственост на Општина Битола во висина од 787.200,оо денари, односно 6.150,оо денари по акција, што преставува 51% од вкупно запишани 250 акции во Централен депозитар на РМ, во корист на купувачот.

Член 2
Вредноста на преносот на акциите е во висина од 787.200,оо денари кои се пренесуваат на трезорска сметка на продавачот, буџетска сметка на Општина Битола во рок од 8 дена после промена на сопственост на акциите во Централен депозитар.

Член 3
Купувачот на доминантниот пакет од 51% од акциите со потпишување на овој договор презема обврска дека ќе го преземе доминантно правото на управување со АД ФК Пелистер со доминантно процентуално учество во финансирањето на сите активности за непречено реализирање на целите за кои е основано друштвото. Висината на минималниот износ за финансиските вложувања во АД на годишно ниво е 265.000 евра во денарска противвредност.
Проценетата вредност за постигнување на ефектива за висок пласман е 410.000 Евра во денарска противвредност.

Член 4
Учеството во финансирањето во годишниот буџет на друштвото од страна на продавачот е утврдено во фиксен годишен износ во висина од 8.000.000,оо денари, а финансирањето од страна на купувачот е утврдено во минимален износ до полниот износ на утврдениот минимален буџет во член 3 од овој договор.
Продавачот исплатата на износот од став 1 на овој член ќе го врши квартално-на секои три месеци.
За финансирање до проценетата вредност од став 2 на член 2 од овој договор АД ФК Пелистер средства обезбедува од комерцијални активности во висина на можностите, а евентуално необезбедениот износ двете договорни страни се обврзуваат да го обезбедат од спонзорства и тоа: продавачот од правни лица основани со државен капитал, а купувачот од донации и спонзорства од физички и правни лица и/или основани од приватен или државен капитал.

Член 5
Купувачот се обврзува да не врши оттуѓување на доминантниот пакет на акции за време од 5 години од денот на склучување на овој договор, без претходно дадена согласност од продавачот.
Начинот на финансирање утврден во член 3 од овој договор се утврдува за време од 4 години.
Продавачот се обврзува останатиот дел од 122 акции по цена од 6.150,оо денари по акција или вкупно 750.300,оо денари, да ги продаде и го пренесе правото на сопственост исклучиво на доминантниот сопственик во Друштвото за период од 4 години од склучувањето на овој договор. Односно преостанатите 122 акции кои претставуваат 49 % од основната главнина на Друштвото.
Купувачот презема обврска најмалку 10% од предвидените средства да ги вложува во втора екипа и сите категории на пионерско-младинската школа во состав на АД ФК Пелистер.

Член 6
Купувачот презема обврска дека ќе обезбеди почитување на сите законски обврски предвидени со Законот за спорт и сите други законски обврски кои се однесуваат на финансирање и активностите на АД , во сооднос како што е уредено со член 3 од овој договор.

Член 7
Рокот на важење на овој договор е минимум 5 години. За време на важење на овој договор купувачот има обврска да прифати учество на членови во органот на управување предложени од продавачот. Оваа обврска престанува да важи по истекот на 4 години од денот на склучување на овој договор.
Договорните страни согласни се во Одборот на директори кој брои 9 члена, 5 члена да бидат од редот на купувачот, а 4 од редот на продавачот, од редот на неизвршните членови 4 делегира купувачот, а 3 продавачот. Од независните членови во Одборот на директори избрани од редот на неизвршните членови, 2 именува купувачот, а 1 продавачот.
За време на важење на овој договор купувачот не смее да го менува името ФК ПЕЛИСТЕР, а може да користи додавки согласно закон, не смее да го менува седиштето на друштвото надвор од Битола и не смее да ги менува заштитните бои и ознаки на ФК ПЕЛИСТЕР со можност на додатни ознаки кои нема да бидат доминатни.

Член 8
Купувачот се обврзува по барање на продавачот да овозможи ревизија од независна ревизорска куќа еднаш годишно, на сметка на продавачот, а во врска со реализација на обврските на договорните страни по овој договор со присуство на внатрешен ревизор именуван од продавачот во својство на набљудувач.

Член 9
Договорот се смета за раскинат во случај:
• непочитување на висината на финансирање на средства,
• необезбедување на ревизорски извештај за финансиски извештај со резерва, односно мислење за прикажување на сметководствени показатели засновани на невистинита документација или за незаконито работење, доколку утврдените неправилности од оваа алинеја не ќе може да бидат отстранети.
Член 10
Во случај на еднострано раскинување на договорот од страна на продавачот настанува неговата обврска да ги пренесе во сопственост на купувачот акциите на Друштвото под исти услови и постапка по која е направен преносот на акции по овој договор и да ги исполни обврските за финансирање од член 3 од овој договор, за тековната фудбалска сезона.
Во случај на еднострано раскинување на договорот од страна на купувачот настанува негова обврска да ги пренесе во сопственост акциите на продавачот под истите услови и постапка по која е направен преносот на акциите по овој договор и да ги исполни обврските за финансирање од чл.3 од овој договор, за тековната фудбалска сезона.

Член 11
По истекот на рокот на важност на овој договор, престануваат сите права на продавачот, а купувачот има обврска да обезбеди важност на договорите на 50% од членовите на првата екипа 1 година по истекот на важност на овој договор и важност на договорите на 25% од членовите на првата екипа 6 месеци.

Член 12
Продавачот со денот на склучување на договорот му ја отстапува на купувачот без надомест целата расположива инфраструктура на постоечкиот стадион, постоечкиот терен на градскиот стадион, сите расположиви помошни терени и теренот со вештачка трева (ќумурно игралиште), со обврска на купувачот за тековно одржување и тековни трошоци.
Инвестиционите инфраструктурни зафати кои претстојат на градскиот стадион и помошните терени со цел создавање услови за непречено вршење тренинзи и натпревари во Македонска фудбалска лига се обврска на продавачот.
Тековното одржување на објектите од претходниот став на овој член се обврска на купувачот-концесионерот.
Договорните страни се обврзуваат на основа овој договор да склучат концесионерски договор со важење до 30 години.
Доколку договорната страна купувач по овој договор ги продаде акциите на трето лице за време важноста на договорот за концесија, договорот за концесија престанува да важи.

Член 13
До денот на склучувањето на овој договор , продавачот се обврзува Друштвото да биде исчистено од обврски , поточно сите настанати трошоци како и претходно преземени а не довршени дејствија по разни основи ( судски спорови, пресуди, извршни одлуки ) ги превзема продавачот-Општина Битола. Евентуалните недоспеани обврски и побарувања кои произлегуваат од работењето на друштвото пред склучувањето на овој договор ќе бидат на тивар на продавачот.
После склучувањето на овој договор настанатите обврски се на товар на Друштвото.
Член 14
Во случај на спор двете договорни страни се должни спогодбено да ги решаваат, а во спротивно е надлежен Основен суд Битола.

Член 15
Договорот е склучен во согласност со Одлука на Советот на општина Битола бр._________ од ______________________-2014 година, во 8 примерои, 4 за продавачот и 2 за купувачот, а 2 за државни надлежни институции.

 
Општина Битола                                                                                                                                    ЦЕРМАТ ДОО

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*