Home / Вести / Петмина спасители од Битола ќе заминат во Турција

Петмина спасители од Битола ќе заминат во Турција

Општина Битола, изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија.

-Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер, се наведува во соопштението од Општина Битола

Тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а од општината соопштија дека доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

-Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби, потенцираат од Општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*