Home / Култура / Петок стартува колонијата “ Де Ниро “

Петок стартува колонијата “ Де Ниро “

В петок, на 23 јуни стартува годинашното издание на  меѓународната ликовна колонија ,, Де Ниро” која оваа година  се организира по 13ти пат, а оваа година ќе има вкупно 8 учесници и тоа од Македонија, Италија, Србија, Полска и Англија.

Колонијата до сега има организирано 41 изложби во Македонија и надвор од Македонија, а веќе има договорено за крајот на 2017 и почетокот на 2018 уште неколку изложби. Колонијата ,, Де Ниро “

Во колонијата ,, Де Ниро “  е збратимена со меѓународната ликовна колонија ,, Булљарица Арт” од Црна Гора, со која на крајот од годината планира заедничќи проект за поврзување на двете земји преку уметноста.

Оваа година колонијата ,, Де Ниро”  потпиша меморандум за соработка со Завод за заштита и Музеј Битола како и со МНД  (Македонско Научно Друштво).

Во текот на одржувањето на колонијата ќе биде организиран омаж на починатите уметници од учесници на колонијата и тоа Владимир Ѓорѓиевски и Мустафа Скопљак.

Сите уметници ќе добијат сертификати за учество а Сергеј Андревски ќе биде прогласен за почесен член на колонијата.

За учесниците ќе бидат организирани посети на: Крушево и Зович- Мариово.

Инаку петок, на 23 јуни  од 12 до 18 часот пред Пицеријата  “ Де Ниро “свој перфоманс ќе има Мирослав Масин  кој  ќе биде придружуван од групата ,, Фолтин “.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*