Don't Miss
Home / Uncategorized / Планинар почина при слегување од врвот Неолица

Планинар почина при слегување од врвот Неолица

67 годишниот планинар од Битола, Н.Ј. почина вчера нешто пред 17 часот при слегувањето од врвот Неолица на Баба планина.

Други планинари кои го придружуваа раскажуваат дека битолчанецот се онесвестил на ливада во близина на планинското село Брусник. Тие се обиделе со масажа на срцето да го спасат, но тој веќе не покажувал знаци на живот.

Планинарите случајот го пријавиле во полиција и најпрво чекаа полициски екипи да направат увид на местото, а брза помош да ја констатира смртта.

-Падна мрак, а со него и температурите. Премрзнавме, но не го оставаме телото само в планина. Повикавме и други лица со џипови, но патот е тешко прооден, а не смееме сами да го поместуваме телото- изјави  Петар Ставрев, еден од панинарите што слегуваа од Неолица.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*