Home / Uncategorized / По 4.300 денри повеќе за социјалните работници

По 4.300 денри повеќе за социјалните работници

Владата предводена од СДСМ и коалицијата продолжува со реализација на реформите со кои се унапредува социјалната заштита и условите за работа на стручниот кадар.  После покачувањата на платите во градинките ( за 16 отсто односно над 3000 денари), растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита и тоа за 22 отсто односно за 4364 денари. Зголемувањето на платите е направено согласно Законот за социјална заштита и со него се опфатени 1170 од вкупно 1531 вработени или во проценти 76,5 отсто.

Оваа влада останува посветена на унапредувањето на социјалната заштита и враќање на достоинството на професијата социјален работник, па затоа во месец септември Законот за вработените во јавниот сектор следува уште едно зголемување во висина од 5 отсто, со што вработените во секторот социјална заштита ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Работиме за обезбедување квалитетни услуги кон граѓаните во современ систем на социјална заштита со цел овозможување способност за справување со социјалните ризици и функционално живеење.  Во контекст на тоа е новата социјална реформа која почна да се применува на почетокот на оваа година и со истата:

–         Се зголеми износот на социјалната парична помош односно воспоставувањето на гарантиран минимален доход

–         Се зајакнуваат  капацитетите на центрите за социјална работа

–         Развој на социјалните услуги на локално ниво

–         Се зголемува опфатот на корисници на детски и образовен додаток со цел извлекување на ранливите категории од сиромаштија.

Со активирање на овие лица и можноста истите да се вклучат на пазарот на трудот се очекува да ја намалат стапката на сиромаштија од 21 на 18 проценти, а јазот на сиромаштијата за околу 40 отсто и истото како резултат се очекува да се види во 2021.

ЗА НАС ЗБОРОТ ВАЖИ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*