Home / Интервјуа / По Харвард, Марија го освои и Ломоносов

По Харвард, Марија го освои и Ломоносов

                 

          Иако како и секој млад човек на почетокот, кога почна да размислува која ќе биде нејзината професија сакаше да биде лекар, сепак, како  млада тинајџерка, читајќи ги делата на Достоевски посака да биде психолог и да навлезе во тајните на психата на луѓето.

          Тој детски сон му се оствари кога заврши психологија на Факултетот во Скопје.

          Тогаш, како млад дипломец почна да сонува друг сон, еден ден да одржи предавање на Универзитетот Ломоносов во Москва.

            Деновиве десткиот сон на Марија Младеновска – Димитровска се оствари. По “осовјувањето” на  Универзитетот Харвард во Бостон, САД, пред две години, каде што му беше усвоен научен труд, таа деновиве на 16 конгрес на психолозите од Европа го презентираше својот најнов научен труд на Унивезритетот Ломоносов во Москва.

          На Конгресот, кој од 1 до 5 јули,  се одржа на Московскиот државен  универзитет Ломоносов,  учествуваа  преку 2.500 психолози  од 83 земји од Европа и светот: Русија, САД, Германија, Турција, Кина, Италија, Шпанија, Индонезија, Хонг Конг, Австралија,  Бразил…

          На овој најголем научен собир за психолози, не само во Европа, туку и во светот, Македонија со свој научен труд  ја претставуваше единствениот претставник, психологот од Битола, магистер по психологија Марија Младеновска – Димитровска.

          Научниот труд, кој е областа на социјалната психологија, претставува опсежно истражување на Марија Младеновска- Димитровска  за “Поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифаќањето на антидемократските  вредности кај младите”.

Според Димитровска таа во нејзиниот научен труд ја  испитува изразеноста на авторитарноста како димензија на личноста кај младите и нејзината поврзаност со прифаќањето на националистички ставови и систем на вредности, како и антидемократското однесување и манифестирање на етничка дистанца кон припадниците на другите етнички заедници.

          Се смета дека постои поврзаност помеѓу постоењето на одредена структура и динамика на личноста наречена авторитарност и поголема склоност за прифаќање и манифестирање на антидемократски вредности, ставови и склоност кон национализам.  

           Истржувањето беше спроведно на 240 испитаници од средношколската  популација.

Резултатите од истражувањето покажаа дека младите, кај кои е повеќе изразена авторитарноста,  покажуваат повисок степен на национализам и поголема склоност за прифакање на антидемократски вредности,  а манифестираат и повисок степен на етничка дистанца во однос на припадниците на другите етнички заедници.

-Со оглед на фактот дека авторитарноста е поврзана со прифаќање на антидемократските вредности, односно дека авторитарните лица се повеќе наклонети да прифаќаат однесувања и да се покоруваат на авторитети и групи, без критички да ги опсервираат нивните погледи  и мислења, може да резултира со појава на национализам, екстремни однесувања и нетолеранција кон другите, кои се перцепираат  како “различни”.

Наодите  од истражувањето треба да се земат предвид во однос на тоа каков систем на вредности и ставови им сервираме на младите генерации. Доколку сакаме да градиме мултикултурно, мултиконфесионално и граѓанско општество, кое што ќе негува односи на почитување и толеранција кон различностите, треба многу внимателно да пристапиме кон тоа каков систем на вредности им нудиме на младите преку процесот на воспитување и едукација, образовниот систем, медиумите и општеството во целина. Не е за занемарување фактот дека во истражувањето се покажа пораст на етничката дистанца кај младите во однос на другите етнички заедници. Во споредба со претходни истражувања, тоа ни говори дека треба сериозно да работиме на подобрување на меѓуетничките релации и градење на мултикултурно општество, вели психологот Марија Младеновска-Димитровска.

          Марија Младеновска- Димитровска е магистер по психологија и работи како стручен соработник  во средното училиште “Таки Даскало” во Битола.

          Претходно Марија Младеновска – Димитровска, која има објавено голем број научни трудови, имаше свој научен труд и во Харвард Унивезритетот во Бостон,САД.

-По успехот кој го постигнав со мојот научен труд пред две години во Харвард, Бостон, со учеството на  Европскиот конгрес во Ломоносов, Москва, конечно ми се исполни мојот детски и младешки сон да учствувам на еден ваков исклучителен, не Европски, туку јас би рекла светски конгрес на психолози.

По Харвард во Бостон, САД, учеството  на Конгресот во Ломоносов е признание за мене, бидејќи на овој светски признат  и познат Универзитет , каде  јас бев единствен преставник од Македонија, се поставени темелите на психологијата. Самото присуство на над 2.500 психолози од 83 држави во светот доволно зборува за угледот кој го има Унивезритетот Ломоносов во светот, ни изјави Марија Младеновска- Димитровска.

Иако поминаа неколку дена од одржувањето на конгреост во Москва  таа сеуште не може да ги среди впечатоците од учеството на Конгресот.

-Тоа што ми остави најголем впечаток на Конгресот е огромниот интерес на психолозите од цел свет да учествуваат на овој Конгрес. Домакинот од Москва се потруди организацијата на Конгресот да помине во најдобра атмосфера. Посебно ме импресионира свеченото отворање на Конгресот кое се одржа во “ Кремљ палатата “,  на кое присуствуваа над 6.000 психолози, научни работници, академици,  гости…

Кулуминација на отворањето беше кога покрај  премиерот на Русија, Дмитри Медведев, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров,успешна работа на Конгресот ни посака  екипата космонаути од Руската свемриска станица “ Мир”. Цело време додека се одржуваше  Конгресот буквално 24 часа на услуга ни беа огромниот број волонтери, кои направија  се во Москва да се чувствуваме како дома, вели Марија Младеновска – Димитровска, која притоа додава дека  Ломоносов  е државен  универзитет  и важи за еден од  најдобрите не само руски универзитети, туку и во светот, кој се наоѓа во врвот на Шангајската листа,  во кој  студираат над 40.000 студенти, а  се ангажирани  околу 6.000 професори -предавачи  и 5.000 научни работници.

Инаку на конгресот  научниот труд  на Марија Младеновска Димитровска посебно предизвика внимание кај италјанските психолози, кои и дадоа отворена понуда за негова прзентација во Италија.

-Колку е важна психологијата како наука најдобро покажуваат зборовите на космонаутите од свемирската станица “Мир”, кои во нивното обраќање до нас  ја нагласија големата улога на психолозите во нивите подготовки кои ги имаат за освојувањето на вселената.

Во денешно време посебно важна улога има психологијата, бидејќи социјалните мрежи наместо да ги зближат луѓето уште повеќе ги оддалечија и младите се среќаваат со големи проблеми и фрустрации предизвикани од тоа што се, што го гледаат на социјалните мрежи и тоа што сакаат да бидат.

Но посбено ме загрижува тоа што ние како млади луѓе кои сакаме да се занимаваме со наука немаме буквално никаква поддршка од државата и сите овие успеси ги плаќаме од свој џеб, или со поддршка на родителите.

Мене на пример Министерството за образование не ми ги признава трошоците за било кој  презентиран научен труд на многу научни конференции па и за Харвард во САД и Ломоносов во Москва, бидејќи сум била вработена во средно образование. Со таков однос кон науката тешко дека ќе можеме да одиме напред.

Мене  ме плаши дека  како и многу други млади луѓе и јас ќе бидам принудена еден ден својата среќа да ја побарам во странство, бидејки веќе имам неколку понуди за докторски студии од реномирани универзитети во светот, ни изјави Марија Младеновска – Димитровска, која иако досега можеше да замини за САД сепак одлучи, тука во Битола и Македонија да ја гради својата научна кариера и од тука да го освојува светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*