Home / Uncategorized / По пет години обвинетите на Моснтрум на слобода

По пет години обвинетите на Моснтрум на слобода

Откако Врховниот суд предмалку објави дека го укинува притворот на четворицата обвинети во случајот „Монструм“, прв на слобода по пет години се очекува да излезе Сами Љута, кој се наоѓа во истражниот затвор Скопје.

Процедурата, според адвокатите може да се одолговлекува најмногу два часа, според досегашната пракса, но никако не смее да се одложи за после полноќ. Според праксата, тие очекуваат прв да излезе Љута, бидејќи во затворот „Скопје“ одлуката на Врховниот суд веднаш ќе се испрати по факс.

По Љута се очекува да излезат двајца обвинети кои се во затворот „Идризово“, а еден според информациите на „Фокус“ е сместен во штипскиот затвор.

Врховниот суд предмалку соопшти дека четворицата обвинети во случајот „Монструм“, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири денеска излегуваат на слобода.

Врховниот суд им определи мерки на претпазливост, односно не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.

Според адвокатот Насер Рауфи ваквата одлука на Врховниот суд беше очекувана.

-Веднаш штом Врховниот суд одлучи да ја укине првостепената и второстепената пресуда очекувавме обвинетите да излезат и од притвор, бидејќи таму се веќе петта година, вели Рауфи, кој истакнува дека е задоволен од одлуката.

Неодамна Врховниот суд донесе одлука со која се укина првостепената и второстепената пресуда за овој случај, со кои обвинетите беа осудени на доживвотен затвор, и одлучи случајот да се врати од почеток.

Овие обвинети поминаа речиси пет години зад решетки, а останатите двајца обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство.

Петкратното убиство кое им се става на товар на обвинетите беше извршено на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро, каде што беа убиени четири момчиња и рибар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*