Home / Колумни / Почеток на крајот или…

Почеток на крајот или…

                       

        Кога помисливме дека  дојде крајот на пандемијата на Ковид 19 светот се најде пред нов почеток на себеуништување.

         Веќе  речиси три недели  светот легнува и се буди со мислата што ќе им донесе утрешниот ден и дали ќе дојде до Трета светска војна.

        Светот по 79 години  од почетокот на Втората светска војна е пред нова, Трета светска војна, чиј последици никој не може да ги предвиди.

        Војната во Украина, која според некои “експерти” требаше да трае само неколку дена, влегува веќе во четвртата недела.

        И покрај сите настојувања на некои  светски политичари  и медијатори да “излобираат “ кај Путин и Зеленски прекин на војната, сепак засега не му се гледа крајот на конфликтот помеѓу Русија и Украина.

        И додека светските лидери во своите удобни кабинети размислуваат како да му стават крај на војната, бомбардирањата не само што не престануваат туку тие се зголемуваат.

        Сега, кога бројот на загинати украински, или руски војници и цивили стана статистичка бројка, никој со сигурност не знае колку досега жртви однесе оваа војна.

        Но едно е сигурно дека бројот на жртвите драматично расте, како во времето на пандемијата.

        Илјадници изгубени животи, над 2,5 милиони раселени лица, десетици илјади разрушени згради,  до темел сраменети бројни значајни инфраструктурни објекти…

        Тоа се само мал дел од последиците на војната помеѓу Русија и Украина.

        Но оваа војна не ги погоди само овие две држави, туку го стави и светот на колена.

        Се  воведуваат санкции на сите страни, се конфискуваат фирми, запленуваат компании, банки,приватни имоти, се блокираат банкарски сметки, се прават црни листи на држави, поединци, се гаснат медиум, се забрануваат дури и литературните и музичките  дела, се конфискуваат спортски клубови, гаснат федерации, асоцијации, сојузи,  …

        Речиси сите земји во светот се прашуваат како ќе ја преживеат оваа војна, која предизвика светска криза.

        Ваков  крвав расплет на Украинската криза не можеше никој да предвиди, па ни најголемите светски лидери, кои мислат дека се знаат што  (ќе) се случува во светот.

        Покрај огромниот број на човечки животи, во изминатиот период, поради драматичо влошената економска криза,настрадаа и голем број држави,  мултинационални компании, фирми, милјардери…

        Светот  се прашува дали ова е почеток на крајот, или крај за нов почеток.

        Одговорот на ова прашање сега -засега никој не го знае.

        Тоа што го загрижува секој жител на оваа земјина топка е што засега никој не знае до каде ќе оди лудилото и кај Путин и Зеленски, како и другите светски лидери и дали некој ќе дојде во фаза па да се “охрабри “ да го прицни тоа црвено копче од тајното куферче  па да се активираат нуклеарните боеви глави, кои никој не  знае точно ни колку ги има, ни каде се распоредени.

        И додека реки беглаци од Украина ги напуштаат веќе опустошените домашни огништа и бегат во соседните земји:Словачка, Полска, Молдавија, Румунија, Унгарија, Германија… европските и светски лидери кои го изманипулираа Зеленски со брз влез на Украина во НАТО и ЕУ се собраа во Версајскиот дворец, кои изобилува со невиден раскош и убавина да разговараат за како да излезат од безизлезот во кој самите се втурнаа.

        Иронијата да биде поголема додека Украинците гинат на сите страни од гранитирањето на Москва, а Зеленски од својот таен бункер  секојдневно го подгрева моралот кај своите сограгани и ја следи војната, европските челници, Версајскиот дворец го одбрале за место каде ќе преговараат заради  нивно полесно полициско обезбедување.

Импотентните  европски политичари,  уживајќи во раскошот на Версај, воопшто не ги допирааат сликите кои пристигнуваат од Украина,  каде гледаме  вистински ужас од  рушевини, разнесени човчки тела, изгубени млади животи, убиени дечиња.

Во оваа прилика  ним им недостига само  Марија Антонета па нивниот цирцус да биде комплетен.

Во 2017 година, Путин беше во Версај, кога беше  прва посета на новоизбраниот француски претседател Макрон. Сега Путин  е повторно  во Версај, со таа разлика што сега таму е тој со неговиот дух  како  агресор, воен злосторник, кој никој во светот  сега засега не знае како да го скроти.

И наместо да се запрашаат како да ја спречат војната и да не гинат невини жртви, “паметните” Европски лидери  се прашуваат како да ја спречат енергетската криза за да не настинеле нивните граѓани.

И како што е вообичаено средбата во Версај заврши со Декларација, во која се вели „Украина припаѓа на европското  семејство.

Во дворецот каде што е потпиешан мировниот договор, со кој и формално заврши Првата светска војна, донесена е Декларација, за мир, која во овој момент на Украинците ништо не им значи.

Мудрите и паметните рекле. Подобро е сто години да преговараш отколку  еден ден да војуваш.

На оваа мисла европските мудреци и тие од САД изгледа заборавиле.Тие, со своите импотентни политики на нерешавање на меѓудржавните спорови кои тие најчесто ги провоцираат  и подбуцнуваат   изгледа заборавиле и на  таткото на ЕУ, Роберт Шуман.

        Нив изгледа ги интересираат само високите плати кои ги добиваат и профитите на нивните спонзори.

        Се друго е само замајување на јавноста и поигрување со човечките судбини.

Колумна од најновиот број на Битолски весник кој излегува среда на 16 март 2022 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*