Home / Вести / Почина сопственикот на Радио 105, Лазар Николовски – Лаки

Почина сопственикот на Радио 105, Лазар Николовски – Лаки

  • Рано изутрината на 68 годишна возраст престана да чука срцето на сопственикот на Радио 105 бомбардер Битола, Лазар Николовски – Лаки. Лазар Николовски почина во Клиничката болница од проблеми со срцето. Погребот на Николовски ќе биде утре на Светонеделските гробишта. Лазар Николовски – Лаки е еден од пионерите на приватните радија не само во Битола туку и во Македонија.Тој ќе остане запмтен во Битола како човек кој иако не беше новинар, целиот свој живот откако го направи радиото беше во новинарските води и ги развеселуваше битолчани, со својот начин на водење емисии и исполнување на музички желби. Лазар Николовски – Лаки, или Лазе 105 бомбардер како што се нарекуваше остави траен белег во радиодифузната дејност во Битола.Тој живееше за Радио 105 и целиот свој живот му го посвети на неговото радио. Во 1995 година тој без прекин водеше радио емисии цели 22 дена со што го постави рекордот кој досега ниту еден водител успеа да го сруши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*