.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Почна реконструкцијата на Офицерскиот дом

Почна реконструкцијата на Офицерскиот дом

       

Денеска во Битола со потпишувањето на договорот  на градоначалничката  Наташа Петровск претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, почна постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола.

По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.

Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти за овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска.

          Инаку реконструкцијата на Офицерскиот дом  неколку години беше топ тема во Битола и предмет на кој политичките партии повеќе години се обвинуваа едни со други за тоа кое е виновен што Офицерскиот дом од најрепрзентативен објект во градо стана место каде се собираа бездомници, алхохоличари, нарко зависници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*