Home / Вести / Почна ремонтот на ТЕ “Битола 1”

Почна ремонтот на ТЕ “Битола 1”

               

Денеска почна ремонтот на “Блок 1” на РЕК “Битола”.

 Од денеска , па во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на  нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на “Блок 1” на РЕК “Битола” ќе се изведува пократко од вообичаениот период.

Инаку потребите за електрична енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ.

Од понеделникот  во погон е ставен и РЕК “Осломеј”, а од четврток,  22 септември, започнува со работа и ТЕЦ “Неготино”.

По завршувањето на ремонтот на “Блок 1”, планирани се ремонтни активности и на “Блок 2”, додека “Блок 3” се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*