Don't Miss
Home / Вести / Поддршка на Владата за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизулени медиумски улуги

Поддршка на Владата за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизулени медиумски улуги

       

        Иницијативниот одбор на локалните и регионалните електронски медиуми со седиште во Битола, по одржувањето  на електронскиот состанок едногласно ја поддржаа иницијативата на Владата и премиерот Зоран Заев за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Иницијативниот одор за поддршка на локалните и регилналините елеткронски медиуми во целост ја поддржува иницијативата на МИОАза укинување на членот 102, односно негова промена, за да може да ги помогнеме медиумите преку остварување договори за деловна техничка соработка со јавни претпријатија, општини и слично, во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните одлуки како што се седниците на управни одбори, на совети итн.

Локалните и регионалните електронски медиуми не ги поддржуваат заклучоците на  Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) и сметаат дека истите се донесени без да се консултираат регионалните и локалните медиуми и медиумски работници и на нивна штета.

  Со воведувањето на членот 102 локалните и  регионалните  медиуми се најдоа во исклучително тешка ситуација, бидејки ниту општините  ниту јавните претпријатиа имаа можност  да склучуваат договори за деловно- техничка соработка со локланите и регионаните медими, поради што тие  се најдоа во исклучително тешка  финансика и материјална ситуација и добар дел од нив се наоѓаат пред гаснење.

        Со укинувањето на тој член не само шро нема да се засили клиентализмот како што сметаат ЗНМ ССНМ, МИМ и СЕММ   туку еднотавано ќе им се овозможи на   локалните и регионалните  електронски медиуми да соработуваат со јавните претпријтија и општините и за објавените  огласи, соопштенија, јавни повици, информации и содржини од јавен интерес да можат да ги наплаќаат своите услуги.

Тука не станува  збор не само за (платено) рекламирање а уште помалку за килентелизам, ниту пак за купување на лојалноста на медиумите, туку едноставно за воспоставување на деловна техничка соработка, која функционираше  во сите изминати години до донесувањето на фамозниот член.Уште помалку станува збор за некакво платено рекламирање.

        Иницијативниот одбот му дава целосна поддршка на Владата да истрае  во своите намери и час поскоро да го укине членот 102.

Воедно Иницијативниот одбор на локалните и регионалните медиуми бара од Владата   да се утврди, а  за тоа да ја информира јавноста, кои медиуми во изминатите години, во времето на претходната власт колку пари добиваа, на чии сметки легнуваа  парите, за што  ги трошеа  и против сите неправилности  кои ќе се утврдат да се поведат соодветни законски и кривични постапки.

Освем со одредени партиски локални и регионални меидуми, најголемиот број од нив во тој период не добиваа пари, кои исклучиво се даваа по партиска припадност и лојалност.

        Иницијативниот одбор смета дека во иднина ЗНМ и другите  новинарски здруженија пред да носат какви било заклучоци  и одлуки за медиумите, особено кои се однесувата на локалните  и регионалните медиуми  да ги консултираат медиумите.

Иницијативниот одбор ја поддржува заложбата на ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ за  финансиска поддршка за медиумите, чија што основна задача треба да биде штитење на јавниот интерес и на интересот на граѓаните. Во таа смисла бараме таа јавна дебата не само повремено да се најавува туку  да се  оддржи што  поскоро, се вели во  соопштението на Иниијативниот одбор на локалните и регионаните елктронски медиуми, со седиште во Битола.

                                Иницијативен одбор на локалните и регионалните електронски  медиуми

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*