Home / Македонија / Поддршка за Марко Чаласан од македонски бизнисмени и музичари

Поддршка за Марко Чаласан од македонски бизнисмени и музичари

Не постои Македонец којшто не слушнал за името Марко Чаласан. „Генијалецот по информатика” поседува такви вештини што дури и самиот CNN во 2010-та година направи сторија за него, па за него може слободно да се каже дека знае целиот свет.

Марко Чаласан е роден на 24-ти јули во 2000-та година и денес, после смртта на неговата мајка, тој остана сосема сам во Скопје, без ниту една блиска личност којашто би можела да му помогне.

За среќа, македонската хуманост и овојпат ја гледаме на дело, бидејќи по проширувањето на оваа информација во медиумите, дел од македонската естрада веднаш даде своја реакција, при што момците од ДНК, како и Елена Ристеска, ветија дека ќе се потрудат да ги покријат трошоците за сместувањето на Марко за во следните година дена, подршка за Марко доаѓа и од бизнисмени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*