Home / Вести / Поддршката на печатените медиуми да се уреди со закон

Поддршката на печатените медиуми да се уреди со закон

            

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ), во  петокот,  Владата на Република Северна Македонија, организираше јавна дискусија на тема „Утврдување модел на системско решение за поддршка на печатените медиуми”.

Воведни обракања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски и претседателот на АЗНПМ, Лирим Дулови, по што следеше дискусија со присутните претставници на печатените медиуми.

Во своето обраќање пред присутните претставници на печатените медиум  министерот Алити истакна дека подемот на новите технологии ја смени и реалноста на медиумскиот простор, што се одрази врз квалитетот на информирање и особено врз финансиската одржливост на печатените медиуми.

 Токму поради ова, како што подвлече, Владата на Република Северна Македонија од 2018 година, преку годишни програми обезбедува финансиска поддршка за печатените медиуми, а веке размислува и за модел за континуирана системска поддршка.

Генералниот секретар  на Владата, Методија Димовски оваа дебата ја оцени како чекор кон изнаоѓање квалитетно решение, укажувајки на исклучително тешкиот период во време на КОВИД-19 пандемијата, кога дел од средствата за поддршка на печатените медиуми беа редуцирани.

Димовски истакна дека од исклучително значење е сегашната програма за поддршка на печатените медиуми, да се преточи  во системско законско и инклузивно решение, со посебен осврт на регионалните медиуми и културната разнообразност на медиумскиот амбиент во државата.

Претставниците на АЗНПМ, ЗНМ и на печатените медиуми го потврдија значењето на владината помош за печатените медиуми во изминатите години, укажувајки на зголемените трошоци за нивна продукција, како и за важноста од нивното опстојување како бастиони на професионализмот и хроничари на историјата на државата.

Тие укажаа на важноста од подобрување на социјалниот статус на професионалните новинари и амбиентот во кој тие работат, апелирајки за зголемување на продукцијата, квалитетот на медиумските содржини и производи и бројот на новинари вработени во овие медиуми.

Свое  обраќање до присутните имаше и уредникот на Битолски весник, Менде Младеновски, кој ја истакна теката состојба во која се наоѓаат печатените медиуми, особено локалните, поради нестаблноста на пазарот и се почестото зголемување на цените за печатење на весниците и нивниот транспорт, како и другите трошоци.

Тој нагласи дека субвенците кои ги добиваа печатените медиум во изминатите 3 години беа симболични, во однос на вкупните трошоци за нормално опстојување на весниците.

Младеновски побара побголем процент на субвениции за локалните печатени медиуми и дека на тој начин Владата ќе придонес еовие печатени медиум да опстојат на пазарот.

Воедно Младеновски се заложи огласите и конкурсите покрај  задолжителното објавување во  дневните весници да се објавуваат и во локалните печатени медиуми.

На крајот на дискусијата заеднички беше оценето дека оваа дискусија е само  еден сегмент во заедничките заложби за изнаоѓање модел за сочувување на печатените медиуми, преку предлог-законско решение за нивна поддршка, која ке се разгледува низ инклузивна дебата во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*