Home / Вести / “Поинаку“ го “оживеа“ Детското одморалиште Пелистер

“Поинаку“ го “оживеа“ Детското одморалиште Пелистер

Денес понесени од тишината која веќе пет години доминира на местото каде поминаа генерации на деца и млади се одлучивме на мал чекор со една симболика преку цртежи од деца да потсетиме на децениите наназад кога секое лето и зима тука имаше деца од целата Македонија и Југославија во џагор преку забава и игра, се дружеја и ги запознаваа знаменитостите на Баба Планина во чист воздух и здрава животна средина.

 Ова место беше симболот на другарство, на првото детско осамостојување, на првите скијачки акробации и детски забави. Сега сето тоа е замрено, покриено со тишина и уште еден неуспех на минатата и сегашна власт која никако да го реши проблемот со рестартирање или да се започне неговата рехабилитација во репрезентативен објект кој ќе ги понуди сите содржини кое му се потребни на едно дете за негово нормален развиток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*