.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Покрај поразот не ги “признаваат“ ни своите мандати

Покрај поразот не ги “признаваат“ ни своите мандати

Старите рекле. Вистинските луѓе се познаваат и во поразите. Откако ВМРО ДПМНЕ не најде храброст и не собра сили да им  ја  честита победата на СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите “, денеска и советниците  на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ За подобра Македонија “ не се надминаа себеси и не собраа храброст да присуствуваат на свеченото врачување на уверенијата за советници.

Таквиот нивни гест, како и потегот на сега веќе екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески наиде на општа осуда кај сите кои денеска присуствува аво Советот на општината кои присуствуваа на свеченоста.

Со таквиот нивни потег тие покажаа и докажаа дека не само што се недораснати за политика, туку дека не си ги признаваат ни своите освоени советнички места.

Старите рекле лесно е да си голем кога победуваш, но вистинските луѓе се познаваат по тоа како се однесуваат во поразите.

Наместо да им го честита поразот на своите политички противници,  раководството на ВМРО ДПМНЕ во Битола, предводено од Борче Димитровски и кандидатот за градоначалник  Зоран Илиоски,по дебаклот на изборите   се скрија буквално в земја и како што “информираат “ некои медиуми преку своите фејсбук статуси ги коментираат  причините за поразот. Наместо да се свртат кон себеси и во себе да ги бараат причините за катастрофалната и криминална политика која ја водеа сите овие години, а особено во последно време, тие останаа доследни на својата суетна политика и не се надминаа себеси да го признаат поразот.

Сите тие како да се инфицираа од суетната политика на Талески, кој со својата суета буквално го погреба ВМРО ДПМНЕ во Битола, а десетици директори на училишта и автопревозни претпријатија ги доведе да стравуваат за својата слобода.

Наместо да се огледаат на спортистите кои и кога им е најтешко и кога буквално некои од нив ги губат веќе добиени натпревари, некогаш буквално во последните секунди, тие по првиот пораз што го доживеаја по 12 години едноставно немаа храброст да им честитаат на своите политички противници, со кои сакале или не  во наредните 4 години ќе мораат  седат едни  покрај други во Советот.

Тие забораваат дека времето на суетните и самобендисани  политичари помина.  Владимир Талески е најдобра потврда за тоа. Помина времето и на начинот на нивното владеење, со кое тие ги усрекија луѓето  околу себе и најблиските, но илјадници битолчани ги зедоа на душа и едноставно пробаа да ги исчистат од градот.

Таквата политика на крајот ги чинеше тежок пораз од кој не ќе можат да се опорават до години.

Залудно сега се обидуваат низ стихови и мудри мисли на познати писатели или филозофи да ја префрлат одговорноста на “предавниците “ кои според нив ја продадоа Македонија, притоа без ни малку самокритика да признаат своја вина за дебаклот.

Македонскиот народ и гласачите на овие избори направија добра проценка кој е кој  и ги казнија погубните  и криминални политики на квази патриотите, кои криејки се себеси зад својот квази патриотизам продадоа и украдоа се што можеше  да се украде  и продаде во државата.