Home / Градска хроника / Полноќните пиромани повторно палат во Битола

Полноќните пиромани повторно палат во Битола

Во Битола по подолга  пауза повторно  се јавија пироманите.

Ноќеска околу 02:30 часот на улица „Благојче Силјановски” во Битола, од страна на засега непознат сторител, од непознати причини, бил предизвикан пожар на паркирано патничко возило „Рено Клио” со битолски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишниот М.К.Ш. од Битола.

Во пожарот бил зафатен моторот, предниот капак, предно десно крило, задното десно крило, задниот браник,  десното задно  тркало,  ветробранското стакло, а има опожарување во предниот дел во внатрешноста под украсната маска.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Од СВР битоал информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*