Home / Uncategorized / Поништен конкурсот за добивање лиценца за Центар за полагање на возачки испити

Поништен конкурсот за добивање лиценца за Центар за полагање на возачки испити

Конкурсот што Министерството за внатрешни работи го имаше распишано за добивање на лиценца за полагање на тестови за возачки испити е поништен.

Без никакво образложение од страна на Министерството,  конкурсот е поништен и распишан е нов.
Инаку според информации на “Битолски весник“  на сега веќе поништениот конкурс иако се пријавиле повеќе заинтересирани субјекти од Битола и Штип, кои ги исполнувале сите услови, а некои од нив вложиле дури и доста средства за набавка на компјутери и опрема на кабинетите, каде ќе полагаа(т) кандидатите за полагање на возачки испити, Конкурсот беше поништен.
Нешто подоцна Министерството за внатрешни работи објави нов конкурс, на кој ќе можат да конкурираат кандидатите за добивање на лиценца за полагање на возачки испити.
Да потсетиме МВР неодамна му ја одзеде лиценцата за полагање на возачки испити на АМС, кој беше сместен во просториите на Народна техника, кои се наоѓаат во спортската сала “Младост“.
Според изјави на надлежните органи, лиценцата му беше одземена поради неправилности во работата и немањето на потребни возила за обука на кандидатите.

 
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*