Home / Вести / Поставен првиот слој асфалт на ул. “ Димитар Илиевски – Мурато “

Поставен првиот слој асфалт на ул. “ Димитар Илиевски – Мурато “

Асфалтот стигна на втoрата делница на ул. “ Димитар Илиевски – Мурато “.

Во тек е асфалтирањето со првиот слој асфалт на коловозот на втората делница од ул. „Димитар Илиевски Мурато“, на потегот од семафорите кај Гроздот, до раскрсницата со Широк Сокак. Изминатите денови се работеше на гребење на старата асфалтна површина и се поставуваа ивичници на улицата.  По асфалтирањето со вториот слој, ќе следува поставување на ново улично осветлување, со што улицата Димитар Илиевски Мурато, ќе добие целосно нов лик.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во асфалтирањето на улицата, при што од надлежните за реализација на овој проект беше информирана за текот на активностите. Заедно со првата делница, улицата во должина од 558 метри има нов коловоз, а претходно се вршеше промена на дотраената водоводна инсталација. Вредноста на сите зафати на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ се во висина од околу 17.000.000 денари.

На првиот потег, од раскрсницата на ул. „4 Ноември“ до Гроздот, веќе е поставено ново улично осветлување со подземни водови, со што е подобрен безбедносниот и визуелнот аспект. Паралалено, се врши комплетно хортикултурно уредување на тревната површина и поставување на клупи, од страна на екипите на ЈП „Комуналец“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*