Home / Вести / Потпишан Меморандум за соработка на Битола со Здружението за заштита на животните “Бибевски“

Потпишан Меморандум за соработка на Битола со Здружението за заштита на животните “Бибевски“

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и претседателката на Здружението  за заштита на животните “Бибевски“, Јулијана Силјановска, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел воспоставување на соработка на полето на заштитата и благосостојбата на животните, особено во постапките на заловување, интервенции и третман на бездомни кучиња на подрачјето на општината.

Со оваа соработка, ќе се обезбедат финансиски средства, добра и услуги за изведување на работи за реконструкција и адаптација на објект за прифатилиште за бездомни кучиња и негово оградување на локацијата која е одредена од страна на општината.

Општината веќе избра соодветна локација, која што ќе биде соодветно организирана во функција на прифатилиштето за бездомни животни.

 Со Меморандумот, општината се обврзува да алоцира средства во годишниот буџет за хуман третман на животните во прифатилиштето и за нивна стерилизација, како и да обезбедува поддршка за Фондацијата Бибевски во идните напори за изведување на големи стерилизации за бездомни животни во регионот, беше речено на средбата во Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*