Home / Вести / Предавање за справување со елементарни непогоди

Предавање за справување со елементарни непогоди

                       

 Денеска во Битола, во организација  на Центарот за развој на Пелагонискиот регион   се одржа предавање на тема: “ Справување и препораки во случај на елементарни непогоди од земјитеси, поплави свлечишта“

            Предавањето се одржа во  рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“, финансиран преку Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020.

        Говорници на предавањето беа експерти од областа на превенција и заштита од поплави, свлечишта и земјотреси проф. д-р Милорад Јовановски и вон. проф. Д-р Александра Богдановиќ,

      Предавањето  имаше за цел  да ја  информира јавноста за истражувањата на состојбите, како и начините за справување на засегнатите страни и институции во случај на било која од споменатите елементарни непогоди.

        На предавањето учество зедоа претставници на засегнати институции и организации од регионот кои работат на темата за заштита и превенција од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*