.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Претходното раководство остави “цунами “ во Синдикатот на РЕК Битола

Претходното раководство остави “цунами “ во Синдикатот на РЕК Битола

По неколку месечната криза која владееше во синдикатот на РЕК “Битола” и АД ЕЛЕМ, откако претходното раководство   се самораспушти и ги “пломбира “ синдикалните простории во Комбинатот, состојбите полека се нормализираат.

Но иако неодамна  беа избрани нови синдикални раководители во сите синдикални подружници во АД ЕЛЕМ, состојбите во синдикатот во РЕК “ Битола “ сеуште не се докрај надминати.

Имено старото раководство, кое остана буквално без членови  и натаму “глуми “ синдикат и се обидува со разни подметнувања и шпекулации  во јавноста да се легитимира како легално и легитимно, кое  наводно ги штити интересите на работниците.

Додека за огромните долгови кои ги остави старото раководство не сака да преземе никаква обврска за сите останати активности себеси се преставува како синдикат.

Но иако состојбата со долговите, кои  сега веќе поранешното раководство им ги остави во наследство,  на новите синдикални раководители  им создаваат огромни проблеми, новото синдикално раководство во РЕК “ Битола “ кое од неодамна се всели во синдикалните простории, освем во едната канцеларија, која сеуште е “пломбирана” прави се да ги  надмини состојбите.

Во ситуација кога старото раководсто откако ја изгуби довербата од членството не одржа редовни синдикални избори, Иницијативниот одбор за одржување на избори во синдикатот во РЕК “Битола “ и АД ЕЛЕМ  неодамна ги заокружи сите изборни активности и деновиве ги завршија сите формалности за регистрација во Централниот регистер како и во Министерството за труд и социјална политика.

Инаку да потстеиме неодамна  во  просториите на синдикатот во РЕК “ Битола” се одржа конститутивна седница на новото синдикално раковдоство на АД ЕЛЕМ.

Со одлука на претседателите на синдикалните подружници на “Тиквеш” -Кавадарци, РЕК “ Битола”, “Маврово”- Гостивар, ФОД ДООЕЛ Битола, “Осломеј” Кичево, “Црн Дрим” Струга, “Треска”- Скопје, “Енергетика” Скопје и Дирекцијата на АД ЕЛЕМ  Скопје за нов прв човек на синдикатот на АД ЕЛЕМ е избран  Јове Смилевски, кој во изминатиот период долги години и работеше како диспечер во Ридникот “Брод- Гнеотино”.

Сега откако е избрано ново раководство во синдикатот тоа ги презема сите неопходни активности  за нормализирање на состојбите. Но од синдикатот тврдат дека за тоа ќе им треба не само многу време туку и пари, бидејќи во овој момент никој во РЕК “ Битола “ и АД ЕЛЕМ не знае точно колку изнесуваат долговите на синдиактот спрема работниците, некои трговски куќи, продавници, туристички компании.

Во синдикатот во РЕК “Битола” тврдат дека секој ден до нив доаѓаат барања, или тужби за неисплатени долгови.

-Едноставно телефоните се усвитија од ѕвонење на луѓе кои ни се јавуваат и кои ни бараат да им ги исплатиме долговите. Најголемиот број од нив се при крај со трпението и се закануваат со тужби и присилно наплатување на долговите, што сигурно ќе ги зголеми истите. Тоа што ни создава посебни проблеми е што екс раководството на сите должници им вели дека доколку тоа наводно  не било сменето долговите  ќе им биле исплатени. Како досега некој да го спречуваше да ги исплатат доверителите, велат од синдикатот.

Во новото раководсто на  синдикатот  на РЕК “ Битола “ тврдат дека кога станува збор за изборите тие  се завршени согласно законските и статутарните прописи и норми. Од таму уверуваат дека довербата за тоа кој е легитимен и легален синдикат ја дава членството и никој друг.

Во моментот со свои пристапници во синдикатот во РЕК “ Битола “пристапиле ни помалку ни повеке туку 2.300 членови, што е огромна бројка.

-Речиси секој ден  во просториите доаѓаат работници кои бараат пристапници да ни пристапат. И на работниците им е веќе преку главата од приказните за тоа кој е легален, а кој нелегитимен синдикат.

Во РЕК “Битола” нема два синдикати, туку има само еден и така ќе биде. Тој е синдикатот кој го избраа работниците, а не како што некои се обидуваат да ни импутираат  директорите на АД ЕЛЕМ.

Ние сме синдикат кој ќе се залага за решавање на проблемите на вработените, на нашите работници, а не на раководството, велат од синдикатот во РЕК “Битола”.

Инаку од таму уверуваат дека на старото раководство не само што мандатот одамна му истекол, туку тие одамна ја изгубиле довербата кај работниците по сите скандали кои ги правеа сите изминати  11 години.

На 29.10.2017 година и практично им престанал мандатот,  а притоа тие не само што во тој период не организираа избори во синдикатот, туку воопшто не најдоа време да ги отворат ни просториите барем да ги проветрат. Пред тоа старото раководство не само што ги распушти сите синдикални подружници , туку во просториите им ги смени бравите и за своите најблиски соработници, кои добија “шут карта” и кои едноставно беа на најбрутален начин избркани од службените простории. Новото синдикално раководство на РЕК “ Битола “ и АД ЕЛЕМ кои тесно соработуваат,  во моментот покрај со организационата поставеност на синдикатот  е преокупирано со тоа како да ги надмини состојбите.

Според тоа што во моментот тие го знаат на најмалку 30 трговски фирми, или продавници од Битола им се должат огромни милионски средства. Доста пари се должат за набавка на дрва за работниците, канти сирење, купена спортска опрема, бела техника, мебел… хотелски сметки, на туристички агенции.

Додека порано на сите продавници во Битола и пошироко имаше соопштенија дека за вработените во РЕК “ Битола “ се нудат низа поволности за купување  роба на рати, сега едноставно како што велат во синдикатот никаде не сакаат ни да слушнат да им дадат нешто на рати.

Тоа што најмногу не загрижува е што не знаеме колку изнесуваат тие долгови и затоа бараме под итно да се  направи целосна ревизија за (не)работњето на старото синдикално раководство, кое сеуште се луксузира низ Битола со синдикалното возило, кое го купија работниците на РЕК “ Битола”.

Дури откако ќе се сними ситуацијата и ќе се види колку и за што се должи ќе можеме да кажеме како ќе го надминеме финансиското цунами кое ни го остави старото раководство,  велат од новото раководство на синдикатот во РЕК “ Битола”.

-Наша приоритетна задача е како да го вратиме достоинството на синдикатот. Но тоа ќе ни оди мошне тешко, бидејќи тоа благодарение  на (не)транспарентното работење на старото раководство одамна е изгубено. Но со чесна и посветена  работа веруваме дека за брзо време ќе ја вратиме сликата која ја имаше порано во јавноста  за синдикатот во РЕК “ Биатола “ и АД ЕЛЕМ, велат во  новото синдикално раководство во РЕК “Битола”.

Инаку во новото раководство  на синдикатот во РЕК “ Битола “ и АД ЕЛЕМ не сакаат со изјави да излегуваат во јавноста. Тие велат дека тоа ќе го сторат откако ќе се сними комплетната состојба во стариот синдикат. Но од таму уверуваат дека со нивниот избор во Комбинатот ќе дуваат нови ветрови и дека работниците ќе добијат синдикат по мерка, кој ќе се грижи за решавање на нивните егзистенцијални проблеми.

-Со изборот за претседател на АД ЕЛЕМ укажана ми е голема доверба од страна синдикалните подржуници на АД ЕЛЕМ, која ќе мора со напорна и транспарентна работа да ја оправдам. Сметам дека со изборот на прв човек на синдикатот на АД ЕЛЕМ се стави точка на кризата која подолго време го потресуваше синдикатот и на сите опструкции, кои во изминатите неколку месеци континуирано ги  правеше претходното раководство, предводено од сега веке екс претседателот Диме Дамчевски. Ние вработените во РЕК “Битола” неколку месеци се обидувавме да ја надмине кризата, но старото ракводство, на кое му беше истечен мандатот, на секој начин се обидуваше да ги спречи сите наши активности и иницијативи, се со цел што подолго време да се задржи на власт, иако и самите беа свесни дека не само што ја изгубија довербата кај вработените, туку и самото раководство беше не само поделено, туку и раскарано меѓу себе, така што екс претседателот Диме Дамчевски буквално сам раководеше со синдикатот, без за тоа воопшто да го консултира ни Извршниот одбор, кој формално  постоеше.

Откако тие ја пропуштија приликата навреме да ги одржат изборите во синдиактот, настојувајќи што може подолго да останат на чело на синдикалната организација не избираа ни средства ни начини како да си го продолжат мандатот без избори.За да се надмини кризата во синдикатот, ние на барање на најголемиот број од вработените,  формиравме Иницијативен одбор на кој ни пристапија огромен број членови(над 2.300 членови ) и ја формиравме подржуницата на синдикатот во РЕК Битола.

Подружинците на  синдикатот  во АД ЕЛЕМ се формирани со пристапување на работниците кои ни ги доставија пристапниците, вели новиот прв синдикалец на АД ЕЛЕМ, Јове Смилевски, според кого целокупните избори во синдикатот се водени согласно Статутот на синдикатот и законските прописи на државните институции.

Според Смилевски првата работа која ќе мора да ја направи новото раководство  е да се врати довербата на синдиактот кај вработените. Исто така на барање на вработените од страна на надлежните државни и истражни органи  ќе мора да се направи ревизија на сите 11 години раководење со синдикатот од страна на екс претседателот Диме Дамчевски, вели новото раководство на синдикатот на АД ЕЛЕМ, кое како приоритена задача си постави да се бори за правата на работниците, исплата на целосната сума на К-15, а не само 60 оттсо како што беше,потоа  по бесплатниот оброк да се  воведе и бесплатен превоз за вработените, како и департизација на синдикатот, поради тоа што старото раководство, буквално целосно го имаше партизирано синдикатот и единствено водеше сметка само за членовите на ВМРО ДПМНЕ и за никој друг, вели Јове Смилевски.

 

 

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*