Don't Miss
Home / Свет / Продолжува спасувачката драма на рударите во Зеница

Продолжува спасувачката драма на рударите во Зеница

Спасуачката драма во Зеница продолжува. Во рудникот за јаглен Распоточје крај Зеница, БиХ, екипата за спасување и технички тимови со натчовечки напор се обидуваат да ги пробијат последните затрупани дваесет метри јамски простор кој ги дели од 34 затрупани рудари, јавуваат агенциите.
Според последните информации од Нурага Дурановиќ, главен федерален рударски инспектор, заробените рудари почнале да го расчистуваат ходникот од нивната страна.
Специјализирани екипи за спасување во рудници од Какањ, Бреза и Ѓурѓевиќ пристигнале на помош на зеничките рудари.
Вчера попладне поради уривање во ходниците на рудникот Распоточје крај Зеница, беа повредени двајца рудари а 34 затрупани под земјата. Причина за уривањето беше слабиот земјотрес кој ја погоди Зеница и околината на длабочина од 2 км.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*