Home / Култура / Промовирана книгата за Првата светска војна на д-р Мери Стојанова

Промовирана книгата за Првата светска војна на д-р Мери Стојанова

                  

Денеска во НУ Завод и Музеј-Битола  беше промовирана книгата „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ од авторот д-р Мери Стојанова.

Во книгата  се содржани податоци од истражувања од пеесеттите и шеесеттите години на минатиот век, како и авторски истражувања во Битолско, Преспа и Струмичко.

-Информациите се за сите социјални и општествени промени кои се случувале во секојдневното живеење, промена на народни носии, промена на социјални односи во рамки на семејството, преселби и враќања во родните села што биле в долж линијата на фронтот и други податоци кои имаат одраз и влијание и ден денес, изјави  авторката д-р Мери Стојанова.

Промотор на книгата беше  Љупчо Ристески од Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ-Скопје.

-Ова дело е значајно за јавноста бидејќи претставува една од ретките етнолошки и антрополошки студии кои се однесуваат на проблематика од периодот на Првата светска војна. За жал, во нашата држава долго време не постоеја студии, а можеби и кадри кои би се занимавале со ваква проблематика, а и тие што постоеја сметаа дека темата не е со приоритет затоа што долг период во македонската историографија, Првата светска војна беше несоодветно третирана. Ваквиот приод остави простор да се манипулира со прашањата, а животните приказни останаа да се третираат како недоволно валиден извор за информирање и отсликување на животот на населението во тоа време, истакна Ристески.

Рецензент на книгата е историчарот д-р Александар Литовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*