Home / Uncategorized / Пропадна последниот обид за заштита на криминалот на ВМРО ДПМНЕ

Пропадна последниот обид за заштита на криминалот на ВМРО ДПМНЕ

Со разрешувањето на Марко Зврлевски, пропадна последниот обид на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го заштити криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека „наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби“, Комисијата во изминатите години работела селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ со што станала „соучесник во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Преку селективно постапување, преку криење на имотни листови на Никола Груевски и соработниците, преку игнорирање и отфрлање на пријави против функционери од ВМРО-ДПМНЕ и преку сегашниот претседател кој бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Државната комисија за спречување корупција докажа дека работи под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и во заштита на криминалот во нивните редови и ја докажува потребата од ослободување и професионализација на државните институции“, стои во соопштението од СДСМ.

Антикорупциската комисија на барање на ВМРО-ДПМНЕ вчера достави мислење според кое во периодот пред изборите не треба да се расправа и да се разрешуваат државни функционери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*