Home / Вести / Редици пред бугарскиот конзулат за бугарски пасоши

Редици пред бугарскиот конзулат за бугарски пасоши

         

          Додека македонската влада на секој начин се обидува да му се спротистави на антибугaрските условувања за интеграцијата на Македонија во ЕУ и Бугарија на секој начин се обидува да го оспори  македонскиот јазик и идентитет,  пред Бугарскиот конузлат во Битола  колони македонски граѓани  стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши.

          Секојдневно по најмалку стотици македонски граѓани поднесуваат барања за добивање бугарски пасоши.

          Ниту пандемијата од коронавирусот не ги спречува голем број граѓани од разни градови во државата: Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево, Штип секојдневно да доаѓаат во Битола и во бугарскиот конзуалт да аплицираат за добивање на бугарски пасоши.

          Најголемиот број од согворниците со кои разговаравме велат дека во ситуација кога не гледаат перспектива тука немаат друг излез освем да ја напуштат Македонија и својата егзстенција да ја бараат во некоја од европските земји.

          А тоа најбрзо ќе го постигнат доколку извадат бугарски пасоши.

          Но тоа што е најтаргично е што сите тие кои бараат да добијат бугарски пасоши, на нотар заверени изјави пишуваат дека  се чувствувата Бугари и имаат бугарски корени, со што на најдиректен начин го негираат својот македонски идентитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*