Home / Uncategorized / РЕК “Битола“ партнер во дуалното образование на средните стручни училишта

РЕК “Битола“ партнер во дуалното образование на средните стручни училишта

Oд следната учебна година комбинатот ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ “Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

        За разлика од практичната настава која со години ја изведуваат во комбинатот средни стручни училишта од Битола и регионот, во дуалната паралелка сертифицираното лице од РЕК “Битола“ заедно со професорите ќе биде постојано со учениците за време на практичната настава и континуирано ќе го следи нивното напредување, како и безбедноста на работното место, а воедно ќе учествува и во формирањето на оценката на ученикот.

      Продлабочувањето на соработката меѓу РЕК “Битола“ и СОУ “Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во електротехничката струка кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршувањето на средното образование.

      Со формирањето на дуалната паралелка, РЕК “Битола“ ќе стане верификувана компанија во доменот на дуалното образование, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*