Don't Miss
Home / Вести / Ристовски: Вакцинацијата е право на избор и никако поинаку

Ристовски: Вакцинацијата е право на избор и никако поинаку

„Вакцинацијата е право на избор и никако поинаку“, вели претседателот на ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија Љупчо Ристовски.

„ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија поддржува секаков вид на отпор, од кој и да е организиран, против било какви рестрикции, ограничувања на личните слободи, принуда со употреба на сила, дискриминација против било кого, сегрегација по било кој основ, сеење на раздори и делење на нацијата од било кои причини. И нашиот став е јасен, вакцинацијата е право на избор, слобода на лична одлука, но не и агресија врз животните одлуки на секој поединец. Ваквиот став го поткрепуваме со наше индивидуално присуство на секаков вид на настани кои прокламираат вакви цели, како знак на согласност за поттикнување на отпорот на нацијата кон било какво мешање на владата во личните животи на поединецот и нацијата во целина“, вели Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*