Don't Miss
Home / Спорт / РК Пелистер останува во општинска сопственост

РК Пелистер останува во општинска сопственост

Во предвидениот рок, кој беше објавен во јавниот повик за купување на доминатниот пакет акции на РК Пелистер не се јави никој.

Така пропадна обидот на локалната самоуправа да ги продаде пакетот акции на РК Пелистер од 51 отсто, сопственост на општината Битола.

По неуспешниот обид за продажба,РК Пелистер барем  оваа сезона останува во сопственост на општината  Битола која ќе треба да се грижи за неговото функционирање.

Инаку на Јавниот повик  предмет на продажба беше доминатниот пакет акции(минимум 51%) во сопственост на општината Битола.

Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола, од 100 отсто  беше минимум 1.537.500,00 денари, односно 6150,00 денари по акција.

Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола во РК Пелистер  од 10 отсто  беше минимум 1.537.500,00 денари, односно 6.150,00 денари по акција.

Основен критериум за избор  требаше да биде   највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 3 години, при што процентуално купувачот требаше да вложува во вкупен буџет најмалку 300,000.00 евра годишно,во денарска противвредност,согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*