Home / Uncategorized / Роберт Алаѓозовски:Буџетот оштетен за околу 40 милиони евра

Роберт Алаѓозовски:Буџетот оштетен за околу 40 милиони евра

Во дел од институциите кои се наоѓаат под Министерството за култура биле утврдени сериозни индиции за злоупотреби од претходните директори, изјави министерот, Роберт Алаѓозовски, кој денеска го презентираше својот отчет за сработеното.

Само преку штетни менаџерски договори и договори за закуп претходните раководства му нанеле штета на буџетот од околу 2,4 милијарди денари, или околу 39.000.000 евра.

Алаѓозовски рече изводите од службени картички покажале сериозни злоупотреби на народните пари за луксузирања на претходната владејачка гарнитура.

Во дел од установите, пак, биле евидентирани договори за огромни хонорари во однос на остварените задачи. Само изведбата на сцена за потребите на Струшките вечери на поезијата го чинело Министерството 750.000 денари, исплатени преку договор за хонорар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*