Home / Uncategorized / Ротари клубот “ Битола “ донираше апарат за децата со нарушено ментално здравје

Ротари клубот “ Битола “ донираше апарат за децата со нарушено ментално здравје

     

Ротари клубот “ Битола“ кој е познат по своите хумани активности и акции, денеска во Клиничката болница во Битола донираше апарат “ Неуробиофидбек“  на Одделението за ментално здравје за деца и млади.

Апаратот, кој чини околу 4.000 евра е  увезен од Полска и го осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој.

Овој апарат, помага во подобрувањето на меморијата, учењето и мотивацијата кај децата.

Апаратот на Одделението за ментално здравје  во Клиничката болница го предаде претседателот на Ротари клубот Битола, Васко Талевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*