Home / Вести / Сѐ е подготвено за фестивалот на монодрамата во Битола

Сѐ е подготвено за фестивалот на монодрамата во Битола

Со поддршка на Општината Битола и Министерството за култура од 22 до 27 јуни во Битола ќе се одржи годинашното издание на Интернационаниот фестивал на монодрамата.

– Уметноста секогаш го наоѓа својот модус вивенди, преживеала војни, цензури, пандемии, а нашата генерација ќе биде уште една која ќе раскажува за затворени театри, концерти, за замолкнување на уметноста. Пандемијата силно ја погоди уметноста, но уметниците го возвраврија ударот творејќи , изнаоѓајќи форми за да преживееме. Ударот е возвратен со силна мисла, јасен став со квалитет.
Уметноста говори гласно – рече директорката Маја Андоновска-Илијевски на денешната прес конференција во Центарот за култура.

Годинава ќе има најголем број на домашни монодрами.

– Пријатно сум изнаненаден од бројот на монодрами што ги имаме на фестивалот. Тоа е доказ дека во ова специфично време со доста негативни појави од здравствен карактер, актерите не беа тие кои се пасивизираа и кои се поткажаа од својата работа, и за среќа овогодинешното издание има 10 монодрами во конкуренција и една вон конкуренција – изјави селекторот на фестивалот, Петар Мирчевски.

Свеченото отворање на фестивалот е на 22 јуни, во вторник, со почеток во 20 часот во Големата сала на Народниот театар во Битола со претставата „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски.

Истиот дена на фестивалскиот репертоар ќе биде и „Дневникот на лудиот 2-човекојадство“ во режија на Ѓорги Ризевски, а актер Бобан Алексовски, продукциоја на Незвисен театар Златен Елец од Скопје.

Монодрамите ќе се играат во Големата сала на Театарот, Центарот за култура, Пациото и Театар-кафе.

Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Петрушевска, а членови театарскиот критичар Тодор Кузманов и режисерот Љупчо Ѓоргиевски-Бубе од Битолскиот театар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*