Home / Политика / СДСМ: Дупките по градските сообраќајници поопасни од калдрма

СДСМ: Дупките по градските сообраќајници поопасни од калдрма

Советникот од СДСМ во битолскиот Совет, Горан Козаров денеска на прес-конференција ја критикуваше состојбата со инфраструктурата и улиците  во Битола.

-Дупките по градските сообраќајници се полоши и поопасни и од калдрма. Катастрофалната состојба на улиците ја нарушува безбедноста на сообраќајот со што е загрозена безбедноста на граѓаните. Возачите со право реагираат дека ги искршија автомобилите по битолските улици.
Ова е уште една потврда дека власта нема капацитет, ниту визија да се справат со вистинските проблеми со коишто се соочуваат битолчани.  Срамно и жално е за град со буџет од 27 милиони евра годишно, да има ваква катастрофална патна инфраструктура- обвини пред битолските новинари, Горан Козаров, советник од опозициската СДСМ во Советот на Општина Битола.
Ако веќе Битола нема нормални градски сообраќајници, локалната власт и владејачката партија се должни да им одговорат на битолчани за што потрошија 250 милиони евра, пари на граѓаните во изминатите 10 години, праша советникот Козаров.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*