.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / СДСМ: Филмскиот град на Талески стана руина

СДСМ: Филмскиот град на Талески стана руина

Иако изборната кампања трае 20 дена, таа е сепак прекуса  за да се набројат сите проекти кои ДПМНЕ ги ветуваше, а не ги оствари. И покрај тоа што не ги остварија тие без грам срам излегуваат и повторно ветуваат брда и долини, а повеќе од јасно е дека нивните ветувања остануваат само на хартија. Меѓу нив спаѓаат и филмскиот град и оперската куќа.

“Планирани се два филмскипроективо нашиот град и во околината.”  -Ова е изјавата на Талески уште во далечната 2005 година – 8 години подоцна, во 2013 година, битолскиот градоначалник се пофали со филмскиот град во просторот на старата касарна, кој помпезно го најави како грандиозно филмско студио каде ќе снимаат филмови и најголемите светски ѕвезди- изјави на прес-конференција кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Дејан Трајковски.
Денес, токму на ова место, каде требаше да се снима некој холивудски филм, останат е пустош, трева и отпадоци.

Од Дпмне се должни да одговоратколку пари на граѓаните потрошија за идејата „Битола филмски град”?

-Исто така, во 2005 година, најавен беше уште еден култен проект – формирање на оперска куќа,  со што Битола би станала метропола на операта и балетот, со изведби од домашни и светски уметници.

Наместо тоа се реализираа неколку опери во Центарот за култура и оперската ќука згасна исто како и што се појави – брзоплето и без реални планови за иднина и 12 години по ветувањето, нема никаква трага  од оперска куќа во Битола. И по незнам којпат се наметнува истото прашање  -како може битолчани да им веруваат сега кога 12 години освен празни ветувања не направија ништо . Битола остана заглавена помеѓу ветените а неисполнети проекти на тандемот Талески – Илиоски. Затоа на 15-ти октомври сите заедно  да им ставиме крај на ерата на политичарите кои од нашиот град направија слепо црево бидејќи Битола не заслужува уште еднаш вакво зло да и се повтори!- порача кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Дејан Трајковски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*